Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан го одигра својот трет пријателски натпревар во подготвителниот период, а втор на турнеата во САД, каде забележа пораз од страна на екипата на Тотенхем со резултат 1-0. Росонерите настапија со повеќето првотимци, додека пак екипата на Маурицио Покетино беше составена најмногу од резервни играчи и фудбалери од клубската академија. По натпреварот, говорејќи за медиумите, Рино Гатузо беше задоволен од изданието на неговите играчи и проговори за индивдуалците како Сусо, Чалханоглу и Халиловиќ.

 

Добро им париравме, во одредени периоди бевме навистина добри. Потоа, во второто полувреме, се почувствува заморот. Нашата физичка кондиција? Според мене, добро напредуваме. Физичката кондиција, псоле 20 дена работа е прифатлива и мислам дека треба да продолжиме по овој пат. Новајлиите во тимот? Тие го заслужија тоа. Позитивните и негативни работи на натпреварот? Видов многу позитивни работи, се движевме добро на теренот и настапивме со карактер. Во второто полувреме имаше неколку грешки, а ние мора да се подобриме во фазата на креирање на нашите акции.

Хакан Чалханоглу на мечот против Тотенхем на U.S. Bank стадионот во Минеаполис

Игуаин? Немам што да кажам. Постојат директори кои работат на тоа. Тој е игач кој постигнувал многу голови во изминатите сезони. Јас немам ништо повеќе да додадам. Кога ќе пристигне, ќе го кажам она што го мислам. Во моментов, јас ќе зборам за игачите кои ги имам на располагање – Кутроне, Калиниќ и Андре Силва.

Сусо во акција против Тотенхем на U.S. Bank стадионот во Минеаполис

Сусо? Да бидеме реални, тој не ги измислува сам работите. Ако игра добро, тоа е исто така благодарение на колективот кој му ги креира условите и му овозможува да го покаже она што го знае. Во моментов, тој игра навистина добро. За нас, тој е важен играч, играч кој може значително да го подобри квалитетот на тимот. Чалханоглу? Тој знае како да се снајде на теренот. Ми се допаѓа многу како игра во средниот ред и иако игра во средниот ред, треба почесто да шутира кон голот и да се приклучува кон нападот. Халиловиќ? Кога ја има топката во свој посед, тој е навистина добар. Се уште не е целосно влезен во ритам и мора да напредува, но кога ја има топката во свои нозе, на моменти наликува на Сусо.

Патрик Кутроне по завршувањето на натпреварот против Тотенхем на U.S. Bank стадионот во Минеаполис