Гатузо: Среќен сум со играта, Реина не е изненадување, огромна почит за Леонардо

by Daniel

Момците на Рино Гатузо го одиграа својот втор натпревар во подготовките за новата сезона, а прв од турнеата во САД , каде учествуваат на Интернационалниот Шампионски Куп. Милан во пенал завршница загуби од екипата на Манчестер Јунајтед, откако во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 1-1, а стрелци на головите беа Санчез во 12 минута и Сусо три минути подоцна. Тренерот Џенаро Гатузо беше задоволен од изданието на неговиот тим и на прес-конференцијата по натпреварот зборуваше за Леонардо, Сусо, Бака, Кристијано Роналдо и изданието на својот тим против Манчестер Јунајтед.

 

Изданието на денешниот натпревар? Задоволен сум од играта на мојот тим, навистина ми се допадна менталитетот на помладите момци кои настапија без никаков страв. Исто така, задоволен сум од фактот дека скоро секоја наша акција започнуваше од одбраната, градејќи ја играта постепено и чекор по чекор. Што не ми се допадна? Ми се допадна скоро се, Манчестер Јунајтед играше без 8 важни играчи, но ние знаевме дека нашето ниво е различно од нивното, ние го имаме еден од најмладите тимови во Европа, мора да продолжиме со исто темпо, со ист менталитет. Повторувам, ми се допадна скоро се од денешното издание на мојот тим.

 

Дебито на Пепе Реина? За мене, тоа не беше изненадување. Тој е човек и спортист со големо искуство, а во соблекувалната ќе ни понуди голема помош. Џиџо Донарума исто така одигра добар натпревар. Ќе видиме.. учествуваме во неколку натпреварувања, има многу мечеви во Лига Европа, Купот на Италија и италијанската Сериа А. Мусакио? Тој игра со голема самодоверба. Доколку се сеќавате на ланската сезона, јас неколку пати го посочував него, велејќи дека заслужува повеќе простор и повеќе доверба, иако не добиваше доволно простор на теренот. Според мене, тој е играч што учи како играме, учи како да се започне акцијата од одбранбените играчи.. ние ќе се потрпреме на него во оваа сезона, бидејќи за нас тој е важен играч во тимот. Сусо? Работевме на нешто поинакво во изминативе 15-20 дена, со цел да добиеме длабочина во нападот, како што може да се види од денешниот гол. Ако може да додаде нешто во својот стил на игра, тој може без проблем да игра како втор напаѓач. Браво за него, тој има силина во своите нозе.

 

Телефонскиот разговор со претседателот Скарони? Ме насмевнавте..  ова се ваши работи, ја медиумите и на новинарите. Јас сум смирен, работата ми го смирува умот. Секако, драго ми е што разговарав со претседателот, но јас сум се уште млад, 40 годишен тренер кој ланската сезона доби огромна можност за напредок во кариерата. Она што ми го смирува умот е мојата дневна работа, она што го предлагам до тимот заедно со моите соработници. Како што реков и претходно, не би сакал да поправам работи кои се уште не се скршени, односно јас не креирам проблеми во мојата глава се додека не ги почувствувам со моите раце. Леонардо? До овој момент, јас имав можност да соработувам со него како играч, како тренер и како директор,а од денес па натаму и како Генерален Менаџер за спортскиот дел. Од моја страна, постои огромна почит за професионализмот на Леонардо. Во минатото, имав некои работи што ги кажав за него, но сето тоа го расчистивме пред неколку години. Мислам дека во моментов приоритетот не треба да биде мојот однос со Леонардо, туку враќањето на Милан онаму каде што заслужува да биде, со напорна работа, посветеност и професионализам.

 

Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус? Неговиот трансфер во Калчо системот не треба да биде потценето, тоа е навистина важен момент за сите нас. Поминаа неколку години од кога еден играч од светска класа дојде во Калчо лигата. Поминавме неколку навистина тешки години, како економски така и во фудбалот, што може да се увиди со отсуството на Италија на Светското Првенство во Русија. Се надевам дека тој (Роналдо) ја отвара повторно портата, па играчите од светска класа да не доаѓаат само во Англија и Шпанија, туку и во Италија.

Карлос Бака? Јас немам никаков проблем со него. Јас никогаш не сум го тренирал него и никогаш не сум го имал во мој тим. Тој беше на Светското Првенство во Русија со Колумбија и сега на 31 година, тој се враќа во Миланело. Дел од мојот тим го чека таму, за да работат заедно, но од тоа што го знам јас, Бака не сака повеќе да игра во Италија, туку сака да ја продолжи својата кариера во друга лига. Првата работа што ја правам секогаш кога имам играч што е под договор со мојот клуб е тоа што му посочувам дека постојат одредни правила кои мора да се почитуваат, и пред се, најбитно е тој играч да сака да остане тука. Кога ќе се вратам во Италија, јас ќе разговарам со Бака. Ако сака да ги почитува тие правила, тогаш со мене нема никаков проблем. Доколку не сака, тогаш подобро е да игра фудбал на друго место.

 

You may also like

Leave a Comment