Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По доаѓањето на Елиот Фонд како нови сопственици на Милан, започна промени во менаџментскиот дел на клубот. По разрешувањето на Марко Фасоне, дојде на ред и спортскиот директор  Масимилијано Мирабели, кој исто така беше разрешен од неговата позиција. Тандемот Фасоне-Мирабели дојде заедно со кинеските сопственици и беа директно задолжени за минатогодишното трансфер лето, каде успеаа да донесат 11 играчи, потрошувајќи повеќе од 200 милиони евра.

По средбата со в.д. претседателот на клубот, Паоло Скарони, Масимилијано Мирабели преку Твитер се заблагодари на фановите на Милан ширум светот за овие изминати 15 месеци во клубот.

Драги Миланисти

Кога доаѓа времето да се каже збогум, тоа значи дека нешто имало свој почеток и крај. Никогаш не е лесно, особено кога мислиш на бесконечна работа и посветеност на една и единствена цел, доброто на Милан.

Би сакал да започнам од тука, од овој огромен свет наречен Милан и безграничната пасија која го опкружува. Би сакал да започнам од вас, фановите: вашата љубов, вашата вознемиреност и вашите соништа, вашите радости и стравови, сето она што успеавте да го префрлите на мене во овие тешки но сепак убави 15 месеци на работа, со кои сум горд.

Ви благодарам. Со вас, не со мене, целиот тим на Милан никогаш не беше осамен. Ве сретнував низ улиците и градовите каде Милан играше. Ја чувствував вашата емоција и бев вчудоневиден од вашата наклонетост кон мене, со вашите пароли и песни, и јас се уште сум емотивен секој пат кога ќе се сетам на онаа вечер на Олимпико во Рим, по поразот од Јувентус во финалето на Купот на Италија. Ние можеби загубивме, но вие победивте.

Се обидов со сета моја сила, да ви го овозможам најдобриот Милан бидејќи вие Миланисти, заслужувате да се вратите во врвот на европскиот и светски фудбал. Ќе се вратите назад, јас сум сигурен во тоа. Во изминативе 15 месеци, направивме многу трансфери и успеавме да обезбедиме комплицирани обнови на договор, но исто така направивме и продажби, што му овозможија на клубот да ги покрие своите загуби. Овој Милан, ако ми дозволите да го кажам ова, е една креација која си ја чувствувам како своја.

Пред се, би сакал да му се заблагодарам на Џенаро Гатузо, кој јас толку силно сакав да говоди овој тим бидејќи бевме обединети не само по потеклото, туку по мирисот на фудбалскиот терен. Се боревме и страдавме заедно за секоја топка, како да бевме во неговиот стил и затоа би сакал да му посакам среќа бидејќи Рино го заслужува тоа. Испраќам прегратки до целиот тим и сите останати во Милан, од капитенот Бонучи па се до најмладите таленти и женскиот тим на Каролина Морас во нејзината дебитанска сезона со Милан.

Јас верував во сите нив и се обидов да создадам цврст и долготраен проект. Сигурен сум дека Милан ќе има цврсти темели и абициозни погледи. Морам да се заблагодарам на стручниот штаб на Џенаро Гатузо и сите вработени во Милан, кои работеа напорно со мене и ме придружуваа во ова фантастично патување.

Благодарност до сите вработени во Каса Милан, со кои ги делев сите емоции во текот на оваа авантура, како и сите членови во Висмара, сите тренери, соработници и скаути, кои со нивната работа придонесоа за сила и надеж кај многу млади момци.

Им се заблагодарувам и на сите новинари, моите соработници и оние кои веруваа во мене и ми ја овозможија оваа огромна можност, бидејќи да се работи во Милан беше огромна чест. На крај, благодарност и до мојата фамилија, која ми овозможи бескрајна љубов, особено во тешките моменти.

Луѓето доаѓаат и си одат, но Милан останува.

Forza Vecchio Cuore Rossoneri!

Mакс