Како играч, против Рома тој освои Куп на Италија (2003) и титула во Сериа А (2004). Утре, Рино Гатузо ќе се соочи со Рома како тренер, водејќи ги момците во една исклучително важен натпревар на Олимпико во Рим. Во Миланелно, традиционално како и пред секој натпревар, се одржа прес-конференција на која говореше нашиот тренер, за престојниот натпревар, тимот и тешкиот распоред што следува.
Тие одиграа одлично прво полувреме против Шахтрјор во Лигата на Шампионите. Украинците се помеѓу најдобрите екипи во Европа и Рома успеа да доминира против нив во првото полувреме. Рома е силна екипа, нивните крилни играчи се навистина опасни и имаат огромен квалитет во средниот ред. Ние мора да прикажеме добра игра, во спротивно ќе биде многу тешко за нас. Ние одиме во Рим да победиме!
Нашиот распоред е тежок но јас се фокусирам само на престојниот натпревар. Ние се уште имаме простор за напредок. Ако сакаме да се носиме со големи екипи, мора да се подобриме уште повеќе. Ние креираме многу шанси за гол, но многу често не знаеме да ги искористиме тие шанси. Мора да ја подобриме завршницата. Јас морам да излезам со најдобриот состав кој го имам на располагање и мора да се бориме и играме квалитетен фудбал. Мора да продолжиме со добриот фудбал кој го играме и да го задржиме ентузијазмот. Мораме да го вратиме тимот онаму каде што беше долги години.
Лига на Шампиони? Ние воопшто не дискутираме за тоа, туку сме фокусирани само на претстојниот натпревар. Тимот се подготвува за секој натпревар на овој начин, па да видиме каде ќе не однесе тој стил. Во моментов, немаме простор за грешки, во ниту едно од натпреварувањата во кое учествуваме. Како и да е, мора да се фокусираме на Рома сега, а потоа ќе размислуваме што понатаму.
Кутроне или Калиниќ? Јас веќе одлучив кој ќе стартува во недела. Андре Силва? Тој одигра одличен меч против Сампдорија, каде не загуби ниту една топка. Во четвртокот на пример, по влегувањето на Калиниќ, Силва почна да игра многу подобро. Можеби он е тип на напаѓач кој се чувствува подобро кога има партнер во нападот. Ромањоли е одличен играч. Но и покрај тоа, кај него има многу простор за напредок, иако е еден од најдобрите одбранбени играчи во Италија. Кај него има огромна промена во последниве три месеци, во поглед на својот менталитет, каде сега е многу посилен.