Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

За нас не постојат големи и мали натпревари. За нас постои само Милан! Милан Фанс Македонија по којзнае кој пат со нашиот Милан, овојпат на Сан Сиро за реванш натпреварот од ЛЕ со Лудогорец. Иако се работеше за веќе одлучен двобој после убедливата победа во Разград, 4-ца наши членови заминаа за Милано и одлучија ги бодрат момците на Гатузо на полупразниот Сан Сиро.

Гатузо, сосема очекувано почна со комбиниран состав. Или подобро речено, постави првотимци само на оние позиции каде немаше друг избор. Тоа беа Ромањоли, Родригез, Кеси и Кутроне. Милан не нагази од самиот старт, логично, а тоа остави мал простор за бугарската екипа да се закани уште во воведните минути. Многу набрзо, Милан ја превзеде играта и контролата и ја креираше првата сериозна шанса преку Андре Силва. Португалецот неочекувано доби топка на 20-тина метри од противничкиот гол, но шутираше предвидливо.

Кутроне, помалку изненадувачки, се најде во тимот и тоа на левата крилна позиција. Оттаму се креираше и шансата за единствениот погодок на натпреварот. Патрик повлече, центрираше презицно по земја, а на топката налета и се избори за шут Борини. Штом борбениот Фабио стигна до топката, веќе се знаеше дека ќе реализира.

Остатокот од натпреварот течеше како по рамна линија. Без премногу напори, момците веќе се насочија со мислите кон предизвикот во недела, а и бугарската екипа се помири со исходот и не се трошеше непотребно. Уште по некоја шанса пред двата гола, но ништо сериозно и проблематично за двата голмани.

Милан е во следната фаза на Лига Европа, а Милан Фанс Македонија побогати за уште едно убаво искуство заедно со омилениот клуб. Не очекуваат уште многу средби, а следната, за само 10-тина дена, на Дербито на Милано!

Forza Milan e Forza Milan Macedonia!