Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По победата над Лудогорец и пласманот во најдобрите 16 во рамките на Лига Европа, тренерот Гатузо, како и играчите Запата, Маури и Антонио Донарума, дадоа свое видување за настаните доле на теренот:

 

ЏЕНАРО ГАТУЗО

Не сакав да примиме гол и верував во одбраната дека ќе одигра на ниво. Натпреварот делуваше како лесен, но не беше воопшто така на теренот. Сепак, ние го контролиравме мечот и направивме се за да не примиме гол. Монтоливо го одигра својот втор натпревар во три дена и одигра одлично. Локатели може многу повеќе. Запата, и покрај тоа што немаше играно од натпреварот против Ријека, одигра солиден натпревар. Исто така и Маури беше солиден. Ќе бев среќен доколку Андре Силва погодеше вечерва, но и без голот, тој одигра добар натпревар. Од кога јас пристигнав, Борини никогаш не се откажува, тој игра англиски стил на фудбал и секогаш дава се од себе.

 

КРИСТИЈАН ЗАПАТА

Помина поприлично време откако последен пат играв. Навистина сакав да се вратам назад на теренот. Сторивме баш се што тренерот побара од нас. Среќен сум со оваа победа и со фактот дека не примивме гол. Целиот тим одигра солидно. Ние сме во добра физичка кондиција и мора да го искористиме тој податок. Се наоѓаме на вистинскиот пат и мора да продолжиме така.

 

ХОЗЕ МАУРИ

Среќен сум што ги одиграв последните 30 минути од натпреварот. Повторно се чувствувам како фудбалер. Навистина го чекав овој момент, откако бев надвор од теренот повеќе од 2 месеци. Но никогаш не се почувствував дека сум надвор од групата, затоа што моите согирачи никогаш не направиле да се чувствувам така. Ова денес беше навистина позитивно и ми дава мотив да дадам се од себе во иднина.

 

АНТОНИО ДОНАРУМА

Во ваквите натпревари мора да си постојано фокусиран. Милан е тим кој ретко дава прилики на противниците, па кога ќе се случи тоа, мора да подготвен да реагираш. Оваа победа им ја посветувам на мојот син, мојата девојка и мојата фамилија. Против Рома, ќе биде навистина тежок натпревар, но ние сме убедени дека можеме до победа!