Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

29Да се бодри својот омилен клуб во живо – одлично искуство. Тоа да биде на гостување во европските купови – непроценливо чувство. Да се навива на иста трибина со Curva Sud – исполнување на сон!

После ждребот за третото квалификациско коло за ЛЕ, имавме помалку од 10 дена да се организираме и за првпат организирано да го следиме клубот надвор од San Siro. Кога добивме потврда за билетите, превозот и останатата логистика беа помал проблем. Олеснителна околност беше и местоположбата на Дробета-Турну Северин, градот кој со својот симпатичен стадион е домаќин на европските натпревари на CSU Craiova. Само 440 километри од Скопје до Северин – бевме едногласни дека е изводлива варијанта за со автомобил.

Во Северин стигнавме околу 17:00 часот по романско време. Имавме уште 4 часа до натпреварот. Зборното место на сите гостински навивачки групи од цел Балкан беше хотелот Континентал. Таму не пречека автобусот на домаќините и неколку полициски возила. Знаевме дека ќе присуствуваат навивачи на Milan од регионот, но навистина не очекувавме толку голема група. Не имаше од секаде: Македонија, Романија, Бугарија, Србија, Босна, Црна Гора…

 

На 2 часа до натпреварот пристигна група од 50тина членови на Curva Sud и тоа беше знак дека вистинската навивачка забава може да почне! Ни кажаа дека е договорено 30-минутно кортео од едниот крај на градот до другиот, каде што беше Stadionul Municipal. Кортеото беше посебно доживување! Цел град беше на нозе.

Откако прописно не истресоа, се сместивме во Сектор 15. Го развиоривме нашето знаме и го поставивме веднаш до неколкуте на Curva Sud и на останатите фан клубови. Сеуште се работеше на декорирање на трибината кога настана првата галама – Marco Fassone и Massimiliano Mirabelli, главните архитекти на преродбата на клубот дојдоа да ги отпоздрават навивачите кои поминале стотици километри за да го следат првиот меч од натпреварувачки карактер на новиот Milan. Вистински потег!

Натпреварот почна, почна и навивачката песна, диригирана од Curva Sud. Нема да бидам субјективен ако кажам дека во периоди од натпреварот, посебно после голот на Rodriguez, ние 500-600 миланисти бевме погласни од 20,000 домашни поддржувачи. Ги поздравивме и дел од новите засилувања кои не беа статери, се загреваа точно пред нашата трибина.

Натпреварот заврши, Milan победи и ја оствари целта (иако не со убедлива игра како што веројатно се очекуваше), а фештата на нашата трибина не заврши. Цел еден час откако ги поздравивме победниците, во очекување да се испразни стадионот, Сектор 15 сеуште славеше.

 

Извозевме скоро 1000 километри. Од текот на тие 24 часа, дури 14 ги поминавме на пат. Некои од нас заминаа на работа директно од натпревар 🙂 Но за Milan, да се биде со клубот во Европа и згора на се, да се навива заедно со Curva Sud, би го повториле истото уште 1000 пати! Неповторливо уживање!

FORZA MILAN!!!