Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Дојде на ред правото Дерби на Италија, или како што го нарекуваат Италијаните, Il vero Derby d’Italia“, а ние како Милан Фанс Македонија, секако бевме присутни на Сан Сиро да го проследиме во живо! Група на навивачи од повеќе градови од Македонија се упативме кон Милано за да бидеме сведоци на првото од двете дербиња против Јувентус кои следат во Серија А и да му дадеме поддршка на нашиот Милан.

Во ова дерби влеговме после убава серија од 3 победи по ред во домашното првенство и еден нерешен резултат од гостувањето во Шпанија против Бетис. Тоа секако ги крена нашите очекувања од мечот и покрај тоа што против нас го имаме еден од најсилните тимови во светот во моментов. Бидејќи ние сме Милан, а Милан никогаш не се предава!

Атмосверата на трибините беше одлична, а стадион преполн, со исклучок на гостинскиот сектор поради бојкотот на навивачите на гостите. Традиционално, пред првиот свиреж на судијата, од околу 75000 грла ечеше Che confusione“ и Forza lotta vincerai..“, а на јужната трибина, онаа на најжестоките навивачи на Милан, популарните Curva Sud“, осамна прекрасна кореографија. Воедно кореографијата претставуваше прослава на 50 години од појавувањето на првите организирани навивачи на Милан, „Fossa dei Leoni“, една од најстарите навивачки ултрас групи во Еворпа, прва во Италија.

 

 

 

Натпреварот започна со студен туш во 8-мата минута кога Донарума направи погрешна проценка и не излезе да ја пресече топката дo Манџукиќ, што резултираше со гол во неговата мрежа. Потоа темпото се смири малку, а пред крајот на полувремето, Игуаин имаше шанса да го израмни резултатот после ВАР одлуката на судијата Паоло Мацолени и играта со рака на Бенатиа. Секако, според него тоа не беше доволно да му покаже 2 жолт картон на Бенатиа. Фудбласката јавност добро го познава овој судија по неговите „сомнителни одлуки“ во корист на Јувентус, така што и оваа одлука не беше некое изненадување. За жал, Игуаин не успеа да го совлада Шчезни и резултатот на полувремето остана 1-0 за гостите од Торино.

 

 

И во второто полувреме Милан беше рамноправен противник, покажа желба за надигрување и  имаше неколку шанси да го изедначи резултатот. Атмосверата на трибините кулминираше кога на јужната трибина осамна парола „Бонучи, полош од тебе е само Скетино.. срамота“, проследено со скандирање од целиот Сан Сиро. При резултат од 0-1, Кјелини, слично како врз Игуаин во првото полувреме, направи старт врз Ромањоли во казнениот простор, но секако, судијата Мацолени не покажа на белата точка, туку напротив, покажа фаул во напад од Ромањоли. Повторно ништо ново, Кјиелини прави што сака на теренот и сето тоа останува несанкционирано од судиите. Потоа по кардиналната грешка на Лаксалт во едно додавање, топката среќно дојде до Роналдо и, за него својствен „tap in“, го зголеми водството на 0-2. Само 5 минути подоцна, кога повторно не беше санкциониран старт врз Игуаин, видно револтиран реагираше на таа судиска одлука и му беше покажан црвен картон, а Милан го заврши натпреварот со 10 играчи.

Она што највеќе боли во овој пораз е дека Јувентус не покажа повеќе од Милан, но го доби натпреварот. Игуаин да постигнеше гол, судијата да имаше ист третман кон двата тима, можеби ќе гледавме друг натпревар, Но, што е, тука е, Милан го загуби дербито, а сега треба да продолжиме со уште посилно темпо. FORZA MILAN!