Финалето во Купот на Италија не помина воопшто добро, поради што пласманот во Лига Европа наредната сезона се уште не е обезбеден. Поради тоа, нема простор за гледање назад, затоа што престојните два натпревари се од исклучително значење. На ден пред натпреварот против Аталанта, тренерот Гатузо ја одржа својата стандардна прес-конференција во Миланело, каде проговори за мечот во Рим, неделниот меч во Бергамо и за своите играчи.
Финалето во Купот беше едно големо разочарување, особено за фановите. Од моја страна, се обидувам да останам смирен бидејќи имаме уште две финалиња за играње. Им кажав на моите играчи да го заборават поразот во Купот и да се фокусираат на следниот натпревар. Ние сме Милан и ние имаме должност да се пласираме во Лига Европа. Ние сме тим кој одигра најмногу натпревари во Италија: 57 натпревари во 52 недели. Ако завршиме 7ми, ќе мора да бидеме тука (Миланело) околу 11ти Јуни, со 6 прелиминарни мечеви за одигрување. Во ваков случај, Сериа А започнува а ние сме веќе заморени. Директна квалификација е важна но јас дефинитивно преферирам да играм во Европа отколку да останам дома.
Аталанта имаат силен тим кој поседува силен менталитет и секогаш игра фудбал со голем интензитет. Утре мора да играме како што игравме во првите 55 минути против Јувентус, пред да примиме 4 гола. Мора да внимаваме на нивната агресивна игра. Тие се една офанзивна екипа која секогаш оди напред и ќе биде исклучително важно да не правиме грешки. Ако ја загубиме топката, тие ќе ни наплатат.
Им честитав на момците за начинот на кој тренираат во изминативе денови. Беше навистина тежок пораз за сите, па така јас се фокусирав најмногу на психолошкиот аспект. Не треба да обвинуваме никого, грешките се дел од оваа игра и мора да се бодриме едни со други. Џиџо беше интервјуиран вчера од страна на Milan TV. Тој веднаш ја превзема одговорноста. Тој направи две грешки, но одигра на највисоко ниво. Убавината на фудбалот е тоа што секогаш ти дава можности да се вратиш назад, можност да ти биде простено.
Сите вие знаете што јас мислам за Андре Силва. Тој има талент и техника, но во моментов мора уште многу да се подобри бидејќи кога ќе добие шанса, тој мора да ја искористи максимално. Андре мора да работи многу повеќе, талентот не може да се негира, но тој мора да работи повеќе. Системот на игра? Ако играме со 4-3-3, потребни ни се играчи со одредени карактеристики. Во моментов, освен Сусо и Чалханоглу, ние немаме други две квалитетни крила. Моите одлуки се базираат на играчите кои ги имаме нарасполагање.
Јас направив грешки. Знам што сторив јас и знам што тимот има сторено. Јас сум сосема свесен за причините поради кои одредени работи не појдоа во добра насока. Нашиот тим е навистина млад и тоа е нормално. Да не заборавиме дека пред некои 8-9 месеци, дел од нашите играчи тренираа на Vismara (тренинг центарот на Primavera тимот).
Мојот најголем страв беше пораз во финалето на Купот. Сега ни остануваат уште 180 минути и ние мора да сториме се што можеме за да се вратиме на ментален и физички план. Треба да работиме напорно на нашата концентрација и на грешките што сите ние ги правиме.