Гатузо: Немаме право на грешка!

by Daniel

На ден пред првиот од двата натпревари против Арсенал, во рамките на Лига Европа, тренерот Гатузо ја оддржа својата стандардна прес-конференција, на која беше присутен и Џек Бонавентура. Пред да започне со своето стандардно видување за противникот и состојбите во тимот, Гатузо изрази сочуство за трагичната смрт на бившиот младински играч на Милан, Давиде Астори.

Загубивме прекрасен човек кој поседуваше невероватна скромност. Тој беше одличен играч на и надвор од теренот. Тој е вистински пример за сите млади луѓе. Ние нема да го заборавиме.

По тоа, нашиот тренер со збор-два за натпреварот, противникот, состојбите во тимот и споредбата помеѓу англискиот и италијанскиот фудбал.

Ние мора да прикажеме врвно издание утре. Немаме право на грешка и треба да бидеме фокусирани. Не смее да бидеме исплашени од 70,000 фанови кои ќе бидат на Сан Сиро и мора да ги покажеме нашите технички и физички квалитети. Арсенал поминуваат низ еден тежок период, но тие имаат одлични играчи и постигнаа 18 гола во Лига Европа оваа сезона. Ние имаме максимално почитување за Арсенал. Единствено ако ние играме добро, можеме да успееме да не примиме гол. Споредбено со Венгер, јас сум само новајлија. Ние се подготвуваме за овој натпревар најдобро што можеме. Тие се технички тим кои сакаат да имаат посед на топката.

 

Ние сме дефинитивно подобрени на психички, технички и физички план. Утре ќе се соочиме со тим кој има одредени потешкотии во моментов, но тим кој има направено многу повеќе од нас во изминативе неколку години. Ние покажавме дека сме во добра кондиција, но мора уште еднаш да го докажеме тоа на утрешниот натпревар.Многу од нашите играчи до сега само сонуваа да играат вака голем и важен натпревар како утрешниот. Освен Бонучи и Биглиа, нашите играчи имаат многу мало искуство во европските натпреварувања. Овој меч ќе ни помогне да се навикнеме на тие големи натпревари на интернационална сцена.

Италијанските тимови играат добро во Европа оваа сезона. Но сепак, во моментов не можеме да го споредиме англискиот фудбал со италијаскиот. Пред десет години беше спротивно, но денес, најдобрите играчи во светот одат да играат во Премиер лигата. Во исто време, ова е шанса за нашите млади играчи. Не е воопшто случајност што денес дискутираме за Кутроне и Калабрија. Баш поради овие промени, тие имаа можност да ги покажат своите квалитети, како и многу други млади италијански играчи.

 

Покрај тренерот, Џек Бонавентура исто така даде свое видување за настаните кои следат. Во продолжение, прочитајте ја изјавата на нашиот Џек.

 

Ќе биде голем и дефинитивно тежок натпревар. Ние го заслуживме ова играјќи навистина добро во претходните натпревари. Ние сакаме да прикажеме добра игра, да го прикажеме нашиот квалитет и да се пласираме понатаму. Ние сме многу мотивирани што ќе го играме овој натпревар пред распродаден Сан Сиро. Фактот дека играме против Арсенал, го привлече вниманието на сите. Мојата позиција? Ја сакам мојата моментална позиција на теренот. Играв таму и пред доаѓањето на Гатузо, кога игравме со 4-3-3 формација. Ми се допаѓа таа позиција, инволвиран сум во двете фази на игра, и во нападот и во одбраната и сум многу задоволен поради тоа.

You may also like

Leave a Comment