Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

После двата тешки натпревари со Јувентус и Интер, Милан веќе во недела го очекува Сасуоло на Сан Сиро. Еден навидум послесен противник пред уште едно дерби, повторно во Милано против Наполи. Но, доколку Милан сака догодина да игра во Лигата на Шампионите, пристапот во секој натпревар мора да биде како да е финале. Рино Гатузо во пресрет на мечот против Сасуоло, зборуваше на прес-конференција со новинарите:

Го пречекуваме Сасуоло после два тешки натпревари, во кои подобро му се спротивставивме на Јувентус, отколку на Интер. Ние сеуште ја имаме истата цел и ќе се обидеме да се квалификуваме во Лигата на Шампионите. Се додека е математички возможно, ќе продолжиме борејќи се за сите наши цели, не гледам зошто да се откажеме. Ние сме млад тим и мораме да го одиграме секој натпревар со највисока мотивација. Сасуоло е тим кој знае како треба. Кога напаѓаат, секогаш се опасни. Тие играат добар фудбал и мора да бидеме многу внимателни. Утре треба да размислиме технички да одиграме добро, но тоа нема да биде доволно. Тие можат лесно да нè намачат, да бидат силни во одбраната и можат да ве изненадат во контранапад во секој момент.

Сусо завршува неверојатна работа затоа што секогаш добро комбинира со играчите од средниот ред. Технички тој може да направи нешто повеќе, но ни дава многу важна рамнотежа. Тој игра како лидер и секогаш е на располагање на тимот. Донарума може повеќе. Тој има постигнато многу  во само неколку години од својата кариера и има стекнато навика. Надвор од некои мали грешки, јас сум навистина задоволен и имам голема почит за Џиџо. Во овој момент ниту тој ниту Сусо не се проблем. Бонавентура има уникатни карактеристики за да игра на средниот ред. Играчите кои сега ги имам, се најдобрите за мене. Не очекувајте револуција следното лето.

Тимот мора да биде свесен за опасноста, играчите постојано треба да бидат свесни дека секоја грешка може да ни предизвика проблеми. Мораме да се подобриме од овој аспект, да работиме повеќе, технички и колективно. Имам впечаток дека во соблекувалната, мојот однос со момчињата е јасен и искрен. Смирен сум, овиј тим отсекогаш се однесуваше многу професионално. Колку повеќе луѓе ги критикуваат моите играчи, толку повеќе ќе им дадам шанса да играат.

Ништо не се сменило од обновувањето. Во фудбалот за се потребно многу малку, губам три натпревари и јас сум надвор од Милан. Имам повеќе желба и чувствувам поголем притисок, бидејќи клубот ми даде поголема доверба и свесен сум дека ние сè уште мораме да се подобруваме.  Лига на Шампиони? Прво треба да го обезбедиме квалификациското место во Лига Европа, исто така мора да учиме од историјата и да избегнеме да повторуваме некои грешки.

Forza Milan!