Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Вчера на програмата беше дербито на Милано или популарно наречено „Derby della Madonnina“, кое заврши без победник со резултат од 0-0. Нашиот Милан и Интер во третиот одигран меч годинава ремизираа за уште поголемо сплеткување на ситуацијата пред крајот на сезоната.

После мечот, со новинарите зборуваше Рино Гатузо, кој како и секогаш беше брутално искрен во своите изјави:

Ова е заработен поен, на неколку наврати можевме да примиме гол. Интер заслужи повеќе, не надиграа. Направивме премногу грешки и затоа сум задоволен од резултатот. Во однос на квалитетот, мораше да бидеме подобри, ова е круцијален момент бидејќи ризикувавме да загубиме се’.Интер многу технички ми се допадна.Тие се имаат тактички променето во последните неколку недели и со овааиграа, можат да предизвикаат проблеми кај сите противници.

Треба да бидеме објективни, Интер одигра подобро од нас. На квалитативно ниво, направивме чекор назад, но на тактичко ниво многу ми се допадна тимот и Интер имаше тешко доаѓаше до шанси. Но, како што реков, Интер заслужи нешто повеќе.

Најдобро нешто што направивме беше кога ја имавме топката на средината на теренот. Бонучи мораше да го затвори Икарди за да не може толку многу да ја гради нивната игра. Грешевме понекогаш, но задоволен сум што не примивме гол. Бонавентура? Тој одигра многу, важно е да го насочиме да ја пронајде најдобрата форма наскоро. Калиниќ? Одговорноста е моја ако не беше на посакуваното ниво. Јас секогаш зборувам добро за моите играчи, за мене тие се најдобри во светот. Лига на шампиони? Додека постои надеж, ќе продолжиме да се бориме. Треба да ја повратиме нашата енергија и да сфатиме зошто во последните 20 минути правиме толку грешки. Некои играчи не се најдобра физичка состојба.Мислам на подобрување на целокупниот тим, и ментално и технички. Ќе видиме каде ќе стигнеме, мораме да се подобриме, имаме финале во Куп да играме и има осум натпревари до крај на Серија А.

Нападот? Очекувам поголема сигурност таму. Во првата половина направивме многу грешки, кога играчите од средниот ред ја играат само својата игра, не ми се допаѓа, бидејќи тоа е тешко за нападот. Кутроне многу се труди, но ако сакате да развиете одреден начин на играње, ќе треба да биде малку подиректен. Би сакал да имам напаѓач со 20-25 шута и анализирајќи го мечот, имам одговорност за тоа. Напаѓачите се трудеа, но јас сум тој кој треба тактички да ги постави во позиција за да бидат најкорисни. Двајца напаѓачи? Јас не размислував за тоа бидејќи уште еден пораз би влијаел ментално многу лошо. Мислев само на доброто на тимот. Андре Силва? Во средата неговиот дедо почина, па затоа не мислам дека е соодветно да го ставите на теренот, тој веднаш по натпреварот замина за Португалија.

Градењето на играта? Кога сакате да го покриете теренот и да ја освоите топката, ако не играте најдобро, потребно е поголем напор. Направивме многу грешки во транзиција, кога тимски не играмедобро, тешко е. За нас беше важно да не изгубиме, губењето на две последователни натпревари би било погубно, го држам цврсто овој став.

Разговарав со клубот, обновувањето на договорот не е проблеми тој ќе пристигне. Но, тоа не е приоритет. За мене е тешка задача да можам да го донесам овој клуб до каде што заслужува, се надевам дека ќе продолжам и ќе дадам максимум за овој тим. Тогаш ќе видиме кога оваа авантура ќе заврши и она што го направив дали е погрешно или не.

Замените? Не множев премногу да ги прилагодам промените против нив. Кога ќе се соочите со Иван Перришиќ, Кансело, Кандрева, ако не сте доволно добри во сетуации 1 на 1, нема што многу да се направи. Клупата ни е куса во таков случај и затоа морав да повлечам вакви замени. Ќе повторам, среќен сум со резултатот, беше тежок меч и ако изгуебвме, тоа ќе беше тешко да се поднесе.

Втората полусезона? Понекогаш чувствуваме дека сме европски фудбалски тим, но Серија А често те тера и да направиш многу грешки. Со Интер направивме грешки и направивме чекор назад во однос на нашата цел. Одиме на патот, има уште многу да се направи.

Конти? Тој е наследство на клубот. Неговото отсуство еголема загуба за целиот тим, сигурен сум дека ќе се врати и ќе го чекаме со отворени раце, бидејќи ни недостига во сите аспекти. Сега важно е дека тој ќе биде смирен.