Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Во рамките на првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија, на гостувањето во Рим, момците на Рино Гатузо одиграа реми без голови против екипата на Лацио. По натпреварот, Рино Гатузо говореше пред медиумите, а во продолжение ќе ви пренесеме дел од неговата изјава.

 

За нас ова е незгоден резултат бидејќи во вториот натпревар, секој гол на Лацио ќе вреди двојно, па затоа ќе мора многу да внимаваме. Секако, можевме многу подобро, но сепак ова е добар резултат бидејќи успеавме да ја зачуваме нашата мрежа против вака силен противник.

Капитенот Алесио Ромањоли по завршувањето на натпреварот Лацио – Милан, 26.02.2019

 

Лацио играше така што чекаше на наша грешка и се одидуваше преку контри да постигне гол. На технички план, ние денес бевме под нашето ниво, правејќи грешки во повеќе ситуации. Лацио беа подобри од нас, иако да бидеме искрени, не успеаа да креираат сериозна шанса за гол.

Лукас Пакета во акција за време на натпреварот Лацио – Милан, 26.02.2019

 

Дефанзиво, задоволен сум од нашето издание денес. Инзаги и јас се знаеме многу добро, можеби е случајност што во последно време натпреварите завршуваат 0-0. Ќе видиме како ќе биде во вториот натпревар.

Сусо за време на натпреварот Лацио – Милан, 26.02.2019

 

Кеси? Тој не можеше да трча и побара да биде заменет. Сусо? Ниту Сусо, ниту еден друг играч од тимот не прикажа добра игра на технички план. Направивме многу грешки, грешевме при креирањето на нашите акции и при долгите топки кон Кшиштоф Пјонтек.

 

Милан веќе во сабота во рамките на италијанската Сериа А, ја пречекува екипата на Сасуоло, каде се надева да ја продолжи позитивната серија во борбата за тоа толку посакувано 4 место и пласман во Лигата на Шампионите.

Пјонтек, Биглиа, Бакајоко и Мусакио ја поздравуваат публиката по завршување на натпреварот Лацио – Милан, 26.02.2019