Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан одигра реми без голови на гостувањето во Рим, против екипата на Лацио, во рамките на Купот на Италија. По тешката повреда која го оддалечи од фудбалските терени, Лукас Биглиа се врати во тимот и забележа настап за Милан, настап кој за него е 50ти настап во црвено-црниот дрес. По натпреварот, тој беше интервјуиран од страна на медиумите, каде говореше за натпреварот, неговиот јубилеј и главната цел оваа сезона.

 

Навистина сум горд што го забележав мојот 50ти настап во црвено-црниот дрес. Беше навистина важно да не загубиме вечерва, иако 0-0 не беше резултат кој го посакувавме. Игравме против тим кој има навистина силен потенцијал во нападот, па така можам да заклучам дека одигравме солидно.

Тимот на Милан пред почетокот на натпреварот Лацио – Милан, 26.02.2019

Натпреварот беше балансиран, па така ние ќе ја чекаме нашата шанса во реванш натпреварот на Сан Сиро, каде пасијата на фановите ќе биде навистина важна. Сега треба да се фокусираме на натпреварот против Сасуоло во сабота, каде ќе се обидеме да ја продолжиме нашата серија кон освојувањето на пласман во Лигата на Шампионите. Мојата физичка подготвеност? Се подобрувам.