Момците на Рино Гатузо одиграа натпревар под своите очекувања, но сепак успеаа да ги освојат трите бода, победувајќи ја екипата на Сасуоло со резултат 1-0. За Росонерите ова е четврта победа во низа и четврт натпревар без примен гол, нешто што се случува за прв пат после мај 2014 година. Рино Гатузо имаше уште една причина за славење, бидејќи за него ова беше 50 натпревар на клупата на Милан, каде за сега бележи одлични резултати и процент на победени натпревари од 50%, со што стана првиот тренер на кој му успеало ова по 50 натпревари по Масимилијано Алегри. По натпреварот, Рино говореше за самиот натпревар, позицијата на табелата и грешките во самиот натпревар.
Им се заблагодарувам на сите за овој мој успех, 50 натпревари на клупата на Милан. Се мачевме во текот на натпреварот, што е и нормално против екипа која така добро ја движи топката. Свесни сме за сите добри работи кои ги остваривме до сега, но мора да останеме присебни. Точно, сега сме 3ти на табела, но има уште многу работа. Треба да се трудиме да не правиме грешки на техничко ниво, бидејќи во спротивно, ќе се мачиме како на овој натпревар.
Табелата? Има уште многу да се игра, па така јас би преферирал да не зборувам на таа тема. Приметив дека направивме чекор назад во поглед на техничкиот дел, а на мене останува да видам каде и што да подобриме. Во моментов, ние се фокусираме на дефанзивниот дел, но потребно е да направиме многу повеќе на технички план. Да се игра пред ваква публика не смее да биде товар за момците, ниту пак битката за местата во врвот на табелата.
Не сме смирени при креирање на нашите напади, но не оставувме простор за противничките напаѓачи. Треба убаво да дефинираме кој е уморен а кој не е во добра моментална форма. Целиот тим е уморен, но сега ни е потребна ментална острина со која ќе приоѓаме на натпреварите кои доаѓаат.