Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

На ден пред одигрување на гостинскиот меч против Торино во рамките на Сериа А, тренерот Џенаро Гатузо оддржа стандардна прес-конференција на која продискутира за нашиот следен противник, состојбата во тимот и формата на одредени индивидуалци.

 

Во последните неколку години, тие играат навистина борбено. Торино е навистина тежок противник и секогаш знаат што точно да прават на теренот. Кога ја имаат топката во свој посед, тие играат навистина убав фудбал и можат да постигнат гол во секој момент.
Уште кога беше дете, можеше да се забележи дека поседува огромен талент. Јас еднаш изјавив, тој (Белоти) ме потсеќа на Шевченко, поради својата ефикасност пред голот. Нажалост, тој неодамна помина низ еден тежок период, поради своите повреди, но веќе може да се забележи дека пополека се враќа во препознатливата форма.

 

Игравме меч пред два дена. Вчера, момците имаа полесен тренинг, проследен со масажа за опуштање на мускулите. Ќе направиме евалуација за да утврдиме кој е доволно фит да игра утре. Тимот не е уморен. Ние не можеме да бидеме задоволни од добрите изданија против Наполи или Јувентус, бидејќи тоа не е доволно. Потребно е да имаме континуитет и да врземе неколку позитивни резултати еден по друг. Само добрите изданија не се доволни, а ова е единствениот начин да станеме врвна екипа.
Кога ги читам медиумите, личи како да сум загрижен, но не сум. Да, треба да се подобриме во финалниот дел од нападот, треба да се подобриме во реализацијата,но јас не сум загрижен поради тоа. Она што е важно е да продолжиме да ја играме нашата игра, да продолжиме да го развиваме нашиот стил на игра. Работиме добро, играме како тим, учиме како да ги надминеме сите проблеми како тим.

 

Нападот? Треба добро да се анализираат работите. Јас секогаш ги гледам од ново мечевите во кои играат Кутроне, Калиниќ, Силва, Сусо и останатите. Тие прават се како што треба, за да стигнат до противничкиот шеснаесетник, но нивните обиди се секогаш блокирани или за сантиметри подалеку од целта. Исто така треба да се земе в предвид фактот дека јас од нив барам многу. За да бидеме покомпактни како екипа, тие имаат задача да играат поназад од вообичаената позиција на еден напаѓач. Бидејќи имаат дополнителна работа, сосема нормално е понекогаш да не бидат сјајни пред противничкиот гол.  Калиниќ? Ако ги погледнете неговите движења на теренот, ќе сфатите дека се навистина сјајни. Против Наполи, ние бевме тие што не успеавме да го пронајдеме него.  Тој направи пет-шест движења кои ме импресионираа. Фактот дека го носи дресот со бр.7 и игра на Сан Сироне треба да значи дека тој треба да ги постигнува сите голови. Фудбалот не е таков, а луѓето мора да го сфатат тоа. Јас сум задоволен од начинот на кој игра и сметам дека не беше фер тоа што некои луѓе го свиркаа при неговото излегување од теренот. Не сум среќен поради тоа.

 

Ми се допаѓа начинот на игра на Локатели, во последниов период. Тој прикажува голема желба и интензитет. На тренинг, тој никогаш не е тажен бидејќи не игра доволно. Мануел се наоѓа во одлична физичка подготвеност и добро работо си топка. Јас сум навистина задоволен од него. Мусакио или Запата? Ќе видиме утре. Шутирачките способности на Чалханоглу се навистина импресивни. Хакан може да игра на повеќе позиции, како и Сусо. Можеби, да се наоѓавме во некоја поповолна ситуација, најверојатно ќе ги испробав на различни позиции во тимот. Улогата на Сусо не е воопшто лесна. Тој секогаш се ослободува за да прими топка од својот соиграч и секогаш успева да ги дрибла своите противници, со што на  тимот му дава драгоцена предност. Дали ќе остане во тимот? Ние не сме загрижени поради тоа.