Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан успеа да освои само бод против второпласираниот Наполи во неделата попладне, благодарение на фантастичната одбрана на Џиџо Донарума, по ударот на Милик во последните секунди од натпреварот.  Донарума, на 19 години и 49 дена, стана најмладиот играч во историјата кој успеал да одигра 100 натпревари во Сериа А. По натпреварот, интервјуиран од страна на MilanTV, тој изјави:

Денешната одбрана беше мојата најдобра одбрана оваа сезона. Беше навистина важно да се одбрани тој удар. Нормално е да се има подеми и падови, но јас секогаш го давам својот максимум на натпреварите и на тренинзите во Миланело. Запата и Мусакио? Кристијан и Матео се двајца одлични играчи и тие одлично ги заменија Бонучи и Ромањоли во срцето на одбраната. Денес не беше воопшто лесно да се игра против Наполи, кои се борат за титула. Дали е успешно освоен бод или загубени два бода? Ние можевме да го добиеме натпреварот, но не треба да заборавиме против каков тим игравме денес. Имајќи ја нивната последна шанса во предвид, треба да бидеме благодарни на овој бод. Торино? Ќе биде навистина тешко, бидејќи нас ни е потребна победа за да ја оствариме нашата зацртана цел.

 

Говорејќи за Mediaset, Џиџо, кој можеби индиректно му помогна на Јуве да ја освои титулата, изјави:

Направив добра одбрана и потоа се израдував за тоа. Воопшто не размислував против кого играм во тој момент. Ние секогаш тренираме и даваме се од себе, а јас работам и се однесувам на теренот како и секогаш. Зборовите на Гатузо? Му се заблагодарувам, ние работиме добро и тимот ми дава голема доза на смиреност. Се надеваме дека ќе ги оствариме нашите зацртани цели. Иднината? Навистина е добро да правиш вакви одлични одбрани.. Јас не знам ништо за трансфер пазарот, мојот агент и клубот ќе размислуваат за тоа. Јас гледам само напред и го давам максимумот за овој тим. Реина? Му честитав, тој е навистина фантастичен голман. Пепе има дадено многу за фудбалот и се уште има што да понуди. Споредба со одбраната на Дида? Ја паметам неговата одбрана против Ајакс во Лигата на Шампионите. Неговата одбрана беше потешка. Се надевам дека во иднина и јас ќе го направам истото во полуфинале од Лигата на Шампионите, со Милан.

 

Џиџо Донарума исто така беше интервјуиран од страна на Sky, каде говореше за иднината, Реина и Неапол.

Нашето издание? Има уште мечеви за играње, ние имаме цел која треба да ја оствариме, а тоа е Европа, па затоа мора да продолжиме со напорната работа. Тоа беше една од моите најубави одбрани до сега. Иднината?  Следните неколку месеци ќе биде тивко, јас не размислувам за трансфер пазарот и сакам да го дадам својот максимум за овој дрес. Реина? Ние сме пријатели. Не разговаравме за трансфер пазарот ниту пак за иднината, туку си честитавме еден на друг. Песната против Неапол? Навистина ми е жал. Од секогаш сум го ценел Неапол. Жал ми е бидејќи го сакам овој град и стварно не ми е јасно зашто фановите пеат таков тип на песни.