Во летото 2018 година, Милан се враќа повторно во САД, каде ќе учествува на International Champions Cup 2018. После ланското искуство во Кина, Росонерите повторно ќе се вратат во ова престижно и квалитетно натпреварување, на кое ќе учествуваат 18те најдобри и најпрестижни клубови во светот.
Деталите за турнирот беа објавени денес (17 Априп, 2018) во Мајами, каде беа присутни Франко Барези, Даниеле Масаро и Фабио Гуадањини како претставници на Милан. Мечевите ќе се одвиваат од 20 Јули до 12 Август, а од оваа година, International Champions Cup 2018 ќе добие нов формат. Милан ќе одигра три натпревари во рамките на ова натпреварување, а Рино Гатузо на овие мечеви ќе се обиде да го подготви тимот за претстојната сезона.
Распоред на натпреварите на Милан:
- AC MILAN V MANCHESTER UNITED, Среда, 25ти Јули: 20.00 часот по локално време (4.00 по полноќ, според централно европско време), на Rose Bowl стадионот во Пасадена, Лос Анџелес.
- TOTTENHAM HOTSPUR V AC MILAN: Вторник, 31ви Јули: 19.30 часот по локално време (3.30 по полноќ, според централно европско време), на U.S. Bank стадионот во Минесота.
- AC MILAN V BARCELONA, Сабота, 4ти Август, 17.00 по локално време (1.00 по полноќ, според централно европско време), на Levi’s Stadium во Санта Клара, Калифорнија.