Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По победата над Киево, Марко Фасоне беше интервјуиран од страна на Милан ТВ, каде зборуваше за важноста на победата на Сан Сиро, за Андре Силва, за тренерот Гатузо и за одложениот меч со Интер.

ЗА МЕЧОТ СО КИЕВО

Задоволството е огромно. Да не победевме денес ќе значеше разочарување за момците во пресрет на интернационалната пауза. Наместо тоа, ние се држиме близу до тимовите пред нас и сме во игра за четвртото место.

ЗА АНДРЕ СИЛВА

Андре Силва? Тој постигна два одлучувачки гола. Конечно, можеме да го видиме како се смее, иако знаевме дека ќе биде тешко за него на почетокот. Сега тој ќе продолжи да не радува уште повеќе.

 

ЗА ЏЕНАРО ГАТУЗО

Ние сме задоволни од неговата работа. Мирабели беше толку убеден со него што јас не можев да одбијам да го поддржам.  Тој сега успеа да ги надмине нашите очекувања и сигурен сум дека ќе го најдеме вистинското време за да дискутираме за неговиот договор. Јас очекував вакво издание од Рино, но сум импресиониран од неговата способност да управува со натпреварите. Пред него се големи успеси како тренер.

ЗА ДЕРБИТО СО ИНТЕР

Навистина ни е жал поради новиот датум за одигрување на дербито. Ние пробавме буквално се. Им понудивме на Интер два датуми, но тие ги одбија и ја одбраа среда, што е комплициран ден. Правилата му дозволуваат на Интер да каже ‘не‘ и ние не можевме да сториме ништо поради тоа.