Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По неуспехот во Лондон и поразот од Арсенал, момците на Гатузо го насочија своето внимание кон лигата и мечот со Киево. Во еден одличен натпревар, Милан успеа да го победи Киево со пресврт и конечен резултат 3-2, откако на полувреме губеше со резултат 1-2, а стрелци на головите беа Чалханоглу, Кутроне и повторно Андре Силва. По натпреварот, Кутроне и Силва дадоа свое мислење за натпреварот на Милан ТВ.

 

АНДРЕ СИЛВА

Си ја работам својата работа и очекувам да постигнувам голови. Она што најмногу значи е победата и трите бода. Јас работам напорно и секогаш ја чекам својата шанса. Не размислувам за ништо друго, тренирам напорно и тоа е тоа.

 

ПАТРИК КУТРОНЕ

Денешната победа беше навистина важна, а ние мора да продолжиме по овој пат. Ова беше натпревар кој мораше да се победи и три поени кои не смееа да се пропуштат. Тие почнаа да се бранат откако ги дадоа своите голови. Многу ми е драго бидејќи успеавме да го комплетираме пресвртот. Јас секогаш се обидувам да ја лоцирам топката и се надевам дека ќе продолжам со напредокот. Италијанската репрезентација? Многу сум среќен и воопшто не го очекував тоа. Јас се уште го прегледував списокот за У-21 репрезентацијата. Ќе дадам 100% од себе!