Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан се уште ја чека одлуката на УЕФА во врска со нарушувањето на правилата за финансискиот фер плеј, но и понатаму во италијанските медиуми продолжуваат шпекулациите за можните засилувања во летниот преоден рок. Еден од тие играчи е 32 годишниот напаѓач на Монако, Радамел Фалкао, кој одговори на информациите што се појавија во јавноста и зборуваше пред новинарите на Премиум Спорт за наводниот интерес на Милан.

“Ми се допаѓа Италија и го сакам италијанскиот фудбал. Интересот на Милан за мене? Слушнав малку од она што беше зборувано по медиумите, но сега сум многу смирен и размислувам за националниот тим. За мене тоа е голема чест што е заинтересиран еден клуб како Милан за добивање на мојот потпис, но со сета почит, треба да се фокусирам на мојот национален тим и на Светското првенство.”

Серија А е една од најсилните лиги во светот. Ја следам лигата и го следам и Милан, бидејќи Милан е еден од најголемите клубови во Европа и е тим кој е втор бројот на титули во Лигата на шампионите. Имам уште две години од мојот договор со Монако и сум врзан тука. Тоа е се она што можам да го кажам во моментов.

Милан до сега ги потпиша Пепе Реина, голманот на Наполи и Иван Стриниќ, левиот бек на Сампдорија, на кои им истекоа постоечките договори со нивните тимови. Меѓутоа, во кој правец ќе се одвива стратегијата на Милан за овој преоден рок се очекува да се знае по средината на јуни кога се очекува и одлуката на УЕФА за казната околу прекршувањето на финансискиот фер плеј. Од раководството на Милан настојуваат дека каква и да биде одлуката, плановите на тимот остануваат непроменети: потпишување на искусен напаѓач, играч за врска и крило.