Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Уште пред крајот на сезоната во Серија А, започнаа трансфер шпекулациите за летниот преоден рок. Сигурно најгласни беа оние за голманот на Наполи, Пепе Рејна и левиот бек на Сампдорија, Хрватот Иван Стриниќ, на кои им завршуваат договорите со своите тимови. Откако Рејна веќе потврди дека од следната сезона ќе ги брани боите на Милан, сега и Стриниќ во интервју за 24 ги разрешува сите дилеми околу неговата иднина.

Оваа сезона е завршена, па можам да кажам дека повеќе не сум играч на Сампдорија и потпишав тригодишен договор со Милан. Клубот најверојатно ќе го објави договорот по крајот на Светското првенство.

Милан, исто така, се интересираше за мене уште кога играв во Наполи, но Наполи не го дозволи трансферот. Затоа отидов во Сампдорија минатото лето за да имам шанса да играм. Сè беше совршено, играв добар дел од сезоната и мислам дека дадов сѐ од себе. Не играв од моментот кога Милан ја информираше Сампдорија дека преговара со мене. Кога ви истекува договорот за 6 месеци, клубот може да направи две работи: тие можат да размислат и да пробаат да извлечат најмногу од вас или да одлучат да не ви дозволат да играте повеќе.

Поради оваа причина, играв само три натпревари во вториот дел од сезоната. Милан ме сакаше и ме чекаше, велејќи дека тие не се грижат бидејќи нема да играм многу во остатокот од сезоната. Фактот што ме сакале во секој случај е добра работа, исто така ќе биде одлично да станам дел од историјата на овој клуб.

Калиниќ? Среќен сум што повторно ќе бидеме соиграчи, ние се согласуваме многу добро. Кога бев во Днепар, му помогнав многу. Сега сигурен сум дека тој ќе го стори истото со мене во Милан. Мојата ситуација? Во текот на пролетта имав здравствен проблем со бактерија, а опоравувањето ми траеше дури три месеци. Сетуацијата се подобри и јас се чувствувам дека сум во уште подобра форма и покрај губењето на 4 килограми.

Минатата сезона на Милан? Не беше лесна транзицијата на Милан после промената на речиси целот тим во текот на летото, така што имаме доверба дека можеме да постигнеме многу подобри резултати следната сезона. Пласманот на Милан во Лига Европа оваа година е голем успех.