Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума, и покрај трите примени гола, имаше одличен натпревар против Јувентус. Чудото од дете на голот на Милан, успеа да фати неколку сериозни удари на бјанконерите и делуваше стабилно помеѓу стативите. По натпреварот, Џиџо беше интервјуиран од страна на медиумите, каде проговори за натпреварот и за престојното Дерби.

 

Ние сме разочарани, но мора да гледаме напред. Му париравме на Јувентус во текот на целиот натпревар. Се враќаме дома со одлична игра, но не и со одличен резултат. Имавме добри шанси за гол но не успеавме да ги искористиме и тоа е тоа што боли.Треба да се фокисираме на мечот во среда, против Интер, кој ќе биде одлучувачки за нашата цел – пласман во Лигата на Шампионите.

Бонучи? Не му беше воопшто лесно, но знаевме дека можеме да сметаме на него. Дербито? Се надевам дека ќе има позитивна атмосфера на Сан Сиро, ние ќе дадеме се од себе како и на секој натпревар и ни се потребни сите за да победиме. Дуелот со Икарди? Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но тој е одличен напаѓач, секако еден од најдобрите. Се надевам дека јас ќе излезам како победник во тој дуел