Гатузо: Ако сакаме ЛШ, немаме простор за грешки

by Daniel

Поразот против Јуве е веќе минато, па момците на Рино Гатузо се во последни подготовки за Дербито против Интер, кое според сите параметри може да се покаже како одлучувачко за Милан и шансите за пласман во Лигата на Шампионите. Стандардно пред натпреварот, Џенаро Гатузо се обрати на медиумите, потенцирајќи ги важноста на овој натпревар и формата на нашиот противник

 

Интер се промени многу во изминативе 2-3 недели, постигнаа 10 гола без да примат ниту еден гол. Тие се во навистина добра форма, но во добра форма сме и ние, како што можеше да се види на претходниот меч против Јуве каде што прикажавме добра игра. Влогот во овој натпревар е голем и се надевам дека ќе одиграме подеднакво квалитетно како на мечот против Јувентус.

Ќе мора да одиграме на ниво за да ги задоволиме апетитите на фановите, мора да го интерпретираме натпреварот на вистинскиот начин. Момците беа да ги поздрават фановите на Алијанц во Торино и фановите беа горди на нас. Мора да се подобриме на психички план, никогаш не смее да се откажуваме и мора секогаш да се бориме до крај.

Победникот во Дербито не секогаш е подобрата екипа. Тие играа навистина добро во изминативе неколку натпревари и ние треба да бидеме внимателни, да не им оставаме простор за игра. Од техничка, тактичка и дефанзивна гледна точка, ние ќе мора да одиграме навистина добар натпревар. За нас, натпреварот ќе биде скоро како финале, а во изминатиов период веќе одигравме неколку такви финалиња. Ако сакаме да веруваме во пласман во Лигата на Шампионите, немаме простор за грешки. Продолжувањето на мојот договор не е никаков проблем, но не е ни приоритет. Дали сум сигурен дека сакам да го продолжам договорот? Јас сум роден сигурен.

 

Бонучи како плејмејкер? Во овој момент, не можеме да си дозволиме експерименти. Џек Бонавентура е навистина важен играч за нас, тој најверојатно не се снаоѓа баш добро во дефанзивните задачи но јас имам доверба во него. Андре Силва одигра навистина добар натпревар. Лично мислам дека можеше да реагира многу подобро со неговиот удар со глава, но тој одигра навистина добро. Силва е во добра физичка подготвеност. Јас сакам Кутроне да се подобри од технички аспект, тој го знае тоа и работи на случајот. Тој има навистина голема страст и желба за да биде подобар.

 

 

You may also like

Leave a Comment