Во пресрет на Дербито на Милано, легендата на Милан, Даниеле Масаро одговараше на прашања на Газета дело Спорт околу неговото искуство во дерби натпреварите. Масаро моментално работи во клубот како бренд амбасадор, а една од причините за неговата привлечност пред ваквите големи натпревари е фактот што во текот на кариерата ги одбил Јувентус и Интер. Првите за да се приклучи на Милан, а градските ривали за да остане во црвено-црниот дрес.
“Се започна во 1997, веднаш откако се вратив од Јапонија каде ја завршив кариерата. Галијани ме побара, ме повика во Миланело и ми кажа дека од следниот ден почнувам со работа таму. Од тој момент навака, јас сум со Милан.”
“Што е Милан за мене во еден збор? Милан е сон. Како дете сакав да го носам дресот на Милан повеќе од било што на светот. Кога потпишав за Милан, тоа беше вториот најубав ден во мојот живот. Се сеќавам, беше декември 1985, а јас бев со Фиорентина. Договорот ми истекуваше на крајот на сезоната, а Трапатони кој тогаш беше тренер на Јувентус ми кажа дека клубот ме сака. Им ветив дека ќе разговарам со нив пред крајот на сезоната. Но на почетокот на 1986, Галијани се јави и ми кажа дека Берлускони го купува Милан. Не му дозволив да ја доврши реченицата… Прифатив без да ме побара. Јас сум роден миланиста!”
“Мојата предност во Милан беше страста што ја имам кон овие бои. Правев се што можам во Милан, дури и играв како одбранбен играч. Но и кога играв на мојата позиција, се враќав за да помогнам на тимот. Исто така, му кажав “не” на Интер. Беше трета година од договорот со Милан и тогашниот спортски директор на Интер, Пелегрини ми понуди двојно повисока плата. Но јас никогаш не би преминал на другата страна на Милано.”
“Дербито за мене е натпреварот во сезоната кога зборот “пораз” е недозволен. Сетете се, мојот прв гол во дерби мечевите, беше за 3-0, но јас се радував како луд. Иако беше јасно дека Интер не може да се врати во тој натпревар. Имав 2 мои гола кои одлучиле Дерби во последните минути. Во април 1992 го имав еден од најлошите натпревари. Никогаш не сфатив како, но го решив натпреварот во 89-тата минута. Фузер нафрли, Фери ме изгуби од вид за момент, јас скокнав и со забив со глава. Сан Сиро експолираше… 1-0 на минута до крајот.
Беше уште подраматично во мај 1994. Примивме гол за 1-1, по моја вина и тоа во 86-та минута. Три минути подоцна, надоместив за грешката: долга топка, ја смирив на гради, шутирав со лева и 2-1! Фантастично чувство!”
https://www.youtube.com/watch?v=ubjKBbHMhcQ
“Како се спремав за дербито? Спиев во автобусот од Миланело до Сан Сиро. Но, знаев да се сконцентрирам кога беше најважно. Нашата предност беше во припремата на последните тренизни. А потоа, 90 минути слобода. Ќотекот што го добивавме на натпреварот беше ништо во споредба со припремата на тренинзите. Таков беше начинот на подготовка на Сари и Капело. Моравме да се подготвиме и ментално и физички.”
“Се надевам дека Кутроне ќе биде играч како мене во смисла дека ќе го спасува Милан кога тимот е “во тесно”. Му спомнав еднаш на Гатузо дека кога Патрик е стартер, тој почнува одлично, но потоа неговиот интензитет опаѓа. Но, кога ќе влезе од клупа, тој е посебен играч. Во овој момент, тој е играчот што го менува натпреварот, како што впрочем беше против Олимпијакос и Рома, но и во дербито во Купот минатата сезона. Патрик мора да сфати дека има огромен простор за напредок. Мора да остане скромен и да го користи времето со Игуаин, за да научи толку многу работи од него.”
“Со Пипита би бил одличен пар. Јас секогаш ја работев “нечистата” работа за шпицовите, така што би функционирале одлично. Дали Игуаин е подобар од Икарди? Мауро порасна многу во последните сезони. Престана да игра засебе, стана капитен и сега размислува за тимот. Но сепак, би се одлучил за Игуаин. Гонзало е покомплетен играч.”

“Ако треба да издвојам најтежок противник од дерби мечевите од моето време, би рекол Бергоми и Фери. За ова Дерби, би се фокусирал на Перишиќ и Брозовиќ. Тоа се играчи кои се будат со помислата дека можат да направат разлика на натпреварот. Ако тие двајца профункционираат добро во недела, ќе биде тешко да се победи Интер. Сепак, ние го имаме Сусо. А кога тој е во ритам, во Интер стравуваат.”
“Дали Гатузо може да остане долго во Милан како Саки и Капело? Може, затоа што тој е рефлексија на вредностите на клубот: страст, работа, посветеност. Некои велат дека нема искуство, но тоа е многу погрешно. Сезоните поминати во Палермо, Пиза и на Крит, работејќи во нестандардни ситуации, го оформија како тренер. Тој има една клучна способност за да биде тренер на врвен тим: Рино може да поднесе притисок. И неговиот Милан игра добар фудбал.”
Кои играчи ги замислувам во црвено-црно и по 10 години? Ромањоли, Кутроне, Калабрија и Донарума. Тие момци можат да рушат рекорди во овој клуб, да станат клупски легенди, како Малдини. Тие имаат поинаква цврстина. А уште ако почнат да победуваат на големата сцена…”
“Дербито може да даде многу одговори за текот на сезоната. Тој меч е пресвртна точка! Ако го Милан го победи Интер, може да се вивне многу високо. Дали навистина можеме да ги победиме во недела? Јас по природа сум оптимист.”