Калдара: Јас сум еден од вас, форца Милан!

by Daniel

Милан го комплетира мега трансферот кој ги вклучуваше Матиа Калдара, Гонзало Игуаин и Леонардо Бонучи. Бившиот капитен на Милан беше заменет со младиот талентиран одбранбен играч, Матиа Калдара, додека пак Игуаин дојде на позајмица со опција за откуп по крајот на оваа сезона. Раководството на Милан организираше официјално претставување на новите засилувања, кои во Каса Милан одржаа прес конференција, а потоа се појавија на плоштадот Дуомо кадеги поздравија собраните навивачи. Младиот Калдара говореше пред медиумите, за својот трансфер и за фактот дека е невозможно да се каже ‘не’ на клуб како Милан.

 

Какво се чувствувам откако дојдов во клубот? Здраво на сите, ова беа неколку динамични денови за мене. Кога пристигнав, фановите на Милан прикажаа голем ентузијазам и едвај чекам да ја започнам мојата нова авантура. Зошто го одбрав Милан и што мислам за партнерството со Ромањоли и парнерството на Неста (бр.13) и Тиаго Силва (бр.33)? Постои голема тежина поврзана со бројот 33, што значи дека ќе биде тешко. Кога дојдов во клубот, размислував за неговата голема историја, најдобрите одбранбени играчи во светот биле дел од овој клуб: Малдини, Неста, Тиаго Силва… па така, изборот да дојдам тука беше навистина лесен. Јас сум многу благодарен на Леонардо кој веруваше во мене и едвај чекам да покажам дека заслужувам да бидам тука.

Матиа Калдара во Миланело на 3ти август, 2018 година.

Како се чувствувам поради фактот дека го напуштам Јуве толку брзо по моето потпишување? Јувентус беа први кои веруваа во мене, пред година ипол ме купија од Аталанта. Тие веруваа во мене и за тоа, јас секогаш ќе бидам благодарен. Но сега јас започнувам ново искуство, постои голема одговорност на моите рамења и јас размислувам само за тоа да го дадам мојот максимум во дресот на Милан. Дали двете години под раководство на Гасперини ми помогнаа да созреам? Под негово водство, јас значително се подобрив на психички и физички план. Минатата сезона, игравме во Лига Европа, па така имам искуство во Сериа А и Европа. Играњето во Лига Европа беше добра можност да се навикнам на различниот начин на фудбал: таквото искуство е навистина корисно за развитокот на еден фудбалер. Јас сум навистина благодарен на Аталанта за се што ми овозможија.

Матиа Калдара во музеот Мондо Милан на 3ти август, 2018 година

Дали Гатузо спомна нешто важно за да ме убеди да дојдам во Милан? Јас разговарав со Гатузо веднаш чим трансферот беше комплетиран, тој ми кажа дека потребна е напорна работа, тимот е млад и сите сакаат да одиграат што е можно подобро. Јас сакам да го дадам својот максимум и едвај чекам да започнам со тренинзите. Верувам дека можам многу да допринесам во овој тим и едвај чекам да започне новата сезона. Што очекувам од Гатузо како мој тренер? Тој е секогаш директен и секогаш го кажува тоа што го мисли. Тој сака тим кој е проактивен и одлучен, тој сака тим кој го дава својот максимум за победа.

Матиа Калдара во Миланело на 3ти август, 2018 година.

Чувството да се игра на Сан Сиро во црвено-црн дрес? Сан Сиро е еден од најграндиозните стадиони во Италија, еден од оние кои ти нудат огромна страст и прекрасно искуство. Ја видов страста и љубовта на фановите, имаше огромен ентузијазам и јас сум навистина среќен што сум тука и сакам да ја докажам мојата вредност. За кој тим навивав како дете? Јас сум од Бергамо, па од таму навивав за Аталанта, уште како многу млад започнав да играм за нивниот младински тим.

Матиа Калдара на плоштад Дуомо на 3ти август, 2018 година.

Ромањоли, Конти, Калабрија и јас може да бидеме идната одбрана на репрезентацијата на Италија? Играв со Ромањоли во составот до 21 година, тој е фантастичен играч и да, постои идеја дека ние може да бидеме иднината на италијанската одбрана, но ние тоа мора да го докажеме на теренот. Ако сакаме да бидеме иднината на италијанскиот фудбал, тогаш ние мора да покажеме дека заслужуваме да бидеме на теренот. Леонардо и Игуаин? Леонардо е прекрасна личност која го кажува она што го мисли, тој е директен и едноставен човек. На ‘Пипита’ му посакувам рекорд на постигнати голови оваа сезона, тој тоа го заслужува и е фантастичен играч. На навивачите ќе им го порачам следново – Јас сум еден од вас, Форца Милан!

Матиа Калдара и Гонзало Игуаин на плоштад Дуомо, 3ти август 2018 година.

 

You may also like

Leave a Comment