Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Со головите на Кутроне и Калабрија, Милан успеа да ја изненади Рома и да победи во Рим, за прв пат по 2011 година! По натпреварот, видувања за самиот натпревар дадоа тренерот Гатузo, како и Франк Кеси и стрелците на головите, Кутроне и Калабрија.

 

ЏЕНАРО ГАТУЗО

Бев бесен по првото полувреме, бидејќи се движевме многу лошо. Јас сакам да се фокусирам на одбраната. Денешниот натпревар не беше воопшто лесен, но ние игравме навистина добро. Јас сум среќен поради тоа. Им честитав на момците, но мора да останеме цврсто на земја. Од утре, фокусот е Лацио, а од четврток натаму, ќе се фокусираме на дербито против Интер. Не чекаат исклучително важни натпревари, мора да прикажеме борбена игра и да дадеме се од себе!

 

ФРАНК КЕСИ

Ние беше потребна оваа победа. Јас сум многу среќен. Тимот напредува чекор по чекор. Кога ќе го кренеш нивото на квалитет, мора да продолжиш со исто темпо, особено ако си голем клуб, мора да продолжиш да победуваш. Ова беше одличен резултат, но ние не смее да застанеме тука, се уште мора да работиме напроно. Вечерва треба да се одмориме, а од утре напорни тренинзи и подготовка за мечот со Лацио во среда.

 

ПАТРИК КУТРОНЕ

Ние се фокусираме само на еден натпревар, а денес сакавме да победиме. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, но игравме како тим и ја носиме победата дома. Јас секогаш велам дека е премногу рано да ме споредуваат со Инзаги. Јас само мислам на тоа да дадам се од себе и да бидам секогаш таму кога моите соиграче се обидуваат да ме пронајдат во шеснаесетникот. Головите се секогаш дело на моите соиграчи. Ако јас постигнам гол, тоа е благодарение на нив.

 

ДАВИДЕ КАЛАБРИЈА

Не можам да опишам како се чувствувам. Јас сум пресреќен, не само поради постигнатиот гол, туку и поради победата. Знам дека сега ќе треба да частам вечера за сите, но тоа не е проблем. Бевме солидни во одбраната бидејќи тренерот инсистира на тренирање напорно. Секогаш кога нема да примиме гол, полесно е да се победи.