Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Момците на Гатузо не успеаа да го продолжат позитивниот ритам и загубија од Арсенал со резултат 0-2 и со тоа го забележаа првиот пораз во 2018 година. По натпреварот, Рино Гатузо и дефанзивниот тандем Ромањоли-Бонучи, проговорија за настаните на теренот.

 

ЏЕНАРО ГАТУЗО

Сега ќе се фокусираме на Џенова, а по тоа ќе размислуваме како можеме да го промениме текот на овој двомеч. Во фудбалот, никогаш не вели никогаш. Ќе одиме во Лондон и ќе дадеме се од себе. Ние сме Милан и ние треба да го почитуваме овој дрес. Вечерва требаше да постигнеме гол. Овој двомеч се уште не е готов, а ние ќе се обидеме да одиграме многу подобро во реванш натпреварот.

 

ЛЕОНАРДО БОНУЧИ

Ќе биде тешко, но се е можно во фудбалот. Ние не се браневме ниту напаѓавме како тим, бевме премногу блиску еден до друг кога ја додавмавме топката. Исто така, треба да го пофалиме Арсенал кои го контролираа натпреварот многу добро. Ако играме во Лондон со истиот дух од второто полувреме, имаме шанси.

 

АЛЕСИО РОМАЊОЛИ

Започнавме добро но одредени топки беа во нивна корист. Примивме два смешни гола и како последица на тоа завршивме со негативен резултат во првиот натпревар. Ќе дадеме се од себе во вториот натпревар, бидејќи немаме што да загубиме.