Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Сезоната во италијанското првенство се приближува кон својот крај, а играчите и фановите на Милан останаа покуси во борбата за пласман во Лигата на Шампионите. Од таму, единствена светла точка и натпревар вреден за борба е оној утрешниот, против Јувентус во рамките на финалето на Купот на Италија. Легендата на Милан и еден од најуспешните тренери во црвено-црниот дрес, Карло Анчелоти, пред овој важен меч даде едно мини интервју за Milan TV, а ние ќе ви пренесеме дел од тоа интервју.

Ќе го гледам натпреварот со еден мој пријател, тука во Канада. Тој е голем фан на Милан, па затоа мечот ќе го проследиме со дресови, како вистински навивачи. Се надевам дека ќе можеме да славиме во среда. Тимот на Гатузо има голема храброст. Ги замолувам фановите да останат верни на тимот и да го следат со голема страст. Јасно е дека ова е еден деликатен момент бидејќи тимот е малце поназад од очекуваното, но со вистински вложувања Милан може да се врати онаму каде што припаѓа.

Гатузо работи добро. Тимот го пронајде својот идентитет навистина брзо. Во последниов период, тој ја плати цената, особено од психичка гледна точка. Тој (Гатузо) добро го познава Јувентус од тактичка перспектива и ќе ги мотивира соодветно своите играчи, како што впрочем секогаш ги мотивира. Се сретнав со Фасоне и Мирабели минатото лето, тие го превземаа клубот во еден деликатен и комплициран момент. Потребно е трпение, тие го враќаат Милан онаму каде што припаѓа, но сепак за тоа е потребно малце време.