После пет кола во Сериа А и две кола во Лига Европа, време е за репрезентативните активности. 13 играчи на Милан се повикани за своите репрезентации, за престојните пријателски и квалификациони натпревари.
Нашиот капитен, Лео Бонучи и Џанлуиџи Донарума се повикани за репрезентацијата на Италија, за плеј-оф натпреварите во рамките на квалификациите за Светското Првенство во Русија, во 2018 година. Рикардо Родригез (Швајцарија), Никола Калиниќ (Хрватска) и Франк Кеси (Брег на Слонова Коска), исто така имаат одлучувачки натпревари за пласман на Светското Првенство во Русија. Во продолжение, погледнете ја целосната листа:
| Репрезентација | Повикани играчи | Натпревари |
| Италија | Џанлуиџи Донарума
Леонардо Бонучи |
Квалификации за СП во Русија (плеј-оф): Шведска – Италија (10.11.2017) Квалификации за СП во Русија: Италија – Шведска |
| Хрватска | Никола Калиниќ | Квалификации за СП во Русија (плеј-оф): Хрватска-Грција (09.11.2017) Квалификации за СП во Русија (плеј-оф): Грција-Хрватска |
| Швајцарија | Рикардо Родригез | Квалификации за СП во Русија (плеј-оф): С.Ирска-Швајцарија (09.11.2017) Квалификации за СП во Русија (плеј-оф): Швајцарија-С.Ирска |
| Брег на Слонова Коска | Франк Кеси | Квалификации за СП во Русија (плеј-оф): Брег на Слонова Коска-Мароко (11.11.2017) |
| Шпанија | Сусо | Пријателски натпревар: Шпанија-Коста Рика (11.11.2017) Пријателски натпревар: Русија-Шпанија |
| Португалија | Андре Силва | Пријателски натпревар: Португалија-Саудиска Арабија (10.11.2017) Пријателски натпревар: Португалија-САД |
| Турција | Хакан Чалханоглу | Пријателски натпревар: Романија-Турција (09.11.2017) Пријателски натпревар: Турција-Албанија |
| Колумбија | Кристијан Запата | Пријателски натпревар: Р.Кореја-Колумбија (10.11.2017) Пријателски натпревар: Кина-Колумбија |
| Италија (до 21 година) | Давиде Калабрија Мануел Локатели Патрик Кутроне |
Пријателски натпревар: Италија 21-Русија 21 (14.11.2017) |
| Италија (до 19 години) | Mатео Габиа | Пријателски натпревар: Холандија 19-Италија 19 (09.11.2017) Пријателски натпревар: Италија 19-Унгарија 19 |