Бонавентура: Рино внесе енергија, ќе дадеме се од себе да го вратиме Милан назад во врвот на фудбалот!

by Daniel

Оваа сезона, европските натпревари за Милан се резервирани за четврток, а екипата на Рино Гатузо ќе се соочи со тимот на Олимпијакос. На стандардната прес-конференција пред натпреварот, покрај тренерот Гатузо, беше присутен и Џек Бонавентура, кој говореше за Лига Европа и за својот тренер.

 

Во минатото, Милан секогаш бил ‘главен играч‘ во Европа, задолжително е да дадеме се од себе за да се вратиме назад во врвот. Оваа година ќе се обидеме да го подобриме нашето издание во однос на минатата, ние сме посилни и имаме поголемо искуство во однос на лани. Јас секогаш се обидувам да го дадам својот максимум, секогаш се обидувам да ја подобрам мојата игра. Обнова на договорот? Не сме разговарале за тоа се уште, ќе размислувам за тоа кога ќе дојде време.

Џек Бонавентура на тренинг во Миланело, 3 октомври 2018

Тренерот Гатузо во овој тим внесе многу ентузијазам и енергија, креирајќи убава атмосфера во соблекувалната. По неговото доаѓање, тој им помогна на сите играчи да го покажат она што го знаат, вклучувајќи ме и мене. Ова е можеби најсилниот Милан во изминативе неколку години, квалитетот на тимот е на едно повисоко ниво.

Џек Бонавентура, Саму Кастиљехо и Хакан Чалханоглу во прегратка по голот на Кастиљехо на натпреварот Сасуоло-Милан, 30 септември 2018

Не треба да бидеме премногу ентузијасти по победата над Сасуоло, секако ни помогна многу при подготовката за натпреварот против Олимпијакос бидејќи ни даде самодоверба, но најважно од се е да се најде балансот, ритамот, кога се победува и кога се губи.

 

You may also like

Leave a Comment