Тренерот на Милан, Рино Гатузо, на отварањето на новата сезона во Лига Европа, се одлучи да им даде шанса на играчите кои до сега мечевите ги почнуваа од клупата за резерви. Еден од тие играчи кој доби шанса да покаже што знае беше и Сами Кастиљехо, летното засилување од екипата на Виљареал. Кастиљехо доби шанса на десната крилна позиција, како директна замена за неговиот сонародник Сусо и ја искористи на најдобар можен начин, асистирајќи му на Игуаин за единствениот гол на натпреварот. По натпреварот, тој беше интервјуиран од страна на Скај Италија, каде проговори за европските натпревари и неговата конекција со Гонзало Игуаин.
Нема лесни натпревари во Европа. Тие имаа огромна желба бидејќи ова беше нивно европско деби, па затоа не беше воопшто лесно но ние ги освоивме трите бода. Милан? Се наоѓам во едно големо семејство, го чувствувам тоа семејство во соблекувалната. Станува збор за одлична група на луѓе, кои заедно со тренерот ми овозможуваат полесна адаптација.

Гонзало Игуаин, Саму Кастиљехо и Хосе Маури во прослава за време на натпреварот Дуделанж-Милан на стадионот Јосу Бартел, 20 септември 2018
Игуаин? Се чувствувам добро играјќи со него, надвор од теренот тој е многу интересен и се чувствува добро на самиот терен. Лична цел? Мојата цел е да се адаптирам што побрзо, да дадам се од себе за овој клуб и да играм убав фудбал.

Гонзало Игуаин, Саму Кастиљехо и Фабио Борини во прослава за време на натпреварот Дуделанж-Милан на стадионот Јосу Бартел, 20 септември 2018