Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан се враќа на Сан Сиро во тежок натпревар против Аталанта од Бергамо. Претходната утакмица, црвено-црните не успеаа да ги донесат трите бода од Сардинија, реми од 1-1 со Каљари и повторно неинвентивна игра и, без разлика што поседот на топката беше на страната на Милан, креирањето на гол шанси, се покажува како проблем на момците на Гатузо. Пред натпреварот, на прес-конференција, Гатузо зборуваше со медиумите и одговараше на прашањата на новинарите.

Аталанта е солиден тим и секогаш е тешко да се игра против нив. Тие сакаат да вратат по двата порази во последните два натпревари. Треба да играме навистина добар фудбал. Секоја година, Гасперини потпишува тип на играчи за да може да игра како што сака тој. Тие притискаат високо на теренот и ние треба да играме добро за да победиме.

Бев загрижен пред натпреварот против Дуделанж, бидејќи тие исфрлија два добри тимови пред да играат против нас. Тие немаат многу ресурси, но тие можеа да ни предизвикаа многу проблеми. Ние исто така, направивме многу промени во нашата постава и знаевме дека нема да биде лесно. Можевме да играме подобро, но победивме и тоа е важно. Многу се променив, бидејќи верувам во сите мои играчи, имаме добар состав.

Сега да се фокусираме на Аталанта, а после овој натпревар ќе почнеме да се подготвуваме за Емполи и Сасуоло. Го гледав натпреварот Сасуоло против Емполи вчера и нема да биде лесно да ги победиме. Направивме неколку грешки во Каљари, најлош беше нашиот почетен пристап кон натпреварот. Лигата само што започна, но колку повеќе натпревари победиме во овој период, толку подобро. Секоја утакмица е важна. Не смееме да оставиме ништо на случајноста.

Игуаин игра длабоко и ни помага да ја придвижиме топката, но сакам тој да се движи зад одбраната повеќе, ставајќи поголем притисок врз одбранбените играчи во последната линија на противниците. Го сметам за најдобар напаѓач во светот, тој постигнува голови, му помага на тимот и тој е врвен играч. Треба да ги искористиме неговите квалитети и треба да го пронајдеме и да му дадеме топка. Се надевам дека тој ќе може да игра во сите натпревар. Игуаин и Сусо треба да се запознаат еден со друг подобро на теренот, работиме на тоа.

Калдара одигра навистина добра натпревар во Лига Европа, тој може да биде од голема помош за тимот. Чалханоглу немаше добра утакмица во Каљари, но тој беше човек на натпреварот против Рома. Бев задоволен од изведбата на Бакајоко во Луксембург. Секогаш сакам повеќе од него, почесто да играм. Сакам Сусо повеќе да повеќе шутира на гол, да игра во поле во последната линија. Ќе видиме дали Кутроне ќе може да го игра утре, глуждот се уште го мачи и тој едвај чека да се врати назад на теренот. Борини може да игра како напаѓач, па затоа не сум загрижен поради тоа што имам само двајца напаѓачи во мојот состав. Монтоливо само што закрепна од повреда, но ја донесов мојата одлука и не треба да се објаснувам. Бертолачи може да направи многу повеќе за тимот, имаше некои проблеми и тоа не беше лесно. Мусакио е во ред и е способен да игра.

Среќно за нашите девојки! Каролина Морас и јас зборуваме многу, таа е вистински лидер кој е љубопитен и страстен. Секогаш е задоволство да разговарам со неа за фудбалот. Се надевам дека ќе имаат одлична сезона.