Кеси: Тежок натпревар, голот на Игуаин е навистина важен

by Daniel

Момците на Рино Гатузо не успеаа да го искористат киксот на Интер и Рома, играјќи нерешено 1-1 против екипата на Каљари. По натпреварот, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Франк Кеси, беше интервјуиран од страна на МиланТВ

 

Ова беше тежок натпревар, знаевме дека ќе биде навистина тешко, започнавме многу лошо но во продолжение се подобривме. По голот на Игуаин, се обидовме да победиме, но за жал не успеавме во тоа. Секој натпревар е различен… може да го победиш Јувентус во сабота и да загубиш од Сасуоло во среда.

Гонзало Игуаин во прослава по својот деби гол во дресот на Милан, на мечот Каљари-Милан на Садења Арена, 16 септември 2018 

Голот на Игуаин? Неговиот гол е навистина важен, може да му помогне на психолошки план. Моето издание на теренот? Физички се чувствувам добро. Тренирам напорно и сакам да му помогнам на тимот.

 

You may also like

Leave a Comment