Креспо: Со Игуаин, Милан може до Лигата на Шампионите!

by Daniel

После долги преговори, Гонзало Игуаин е играч на Милан! Аргентинецот доаѓа во Милано на платена позајмица од 18м евра и опција за откуп во висина од 36м евра. За прв пат по Златан Ибрахимовиќ, Милан ќе има напаѓач од светска класа, играч кој ќе биде значително засилување и голема помош за остварување на целта на Милан – враќање во Лигата на Шампионите. Бившиот напаѓач на Милан и аргентинската репрезентација, Хернан Креспо, во интервју за Газета дело Спорт, проговори за трансферот на Игуаин во Милан, кој, според него, е фантастичен потег на управата на Милан.

Милан го купи најдоброто од трансфер пазарот. Сега на Сан Сиро ќе гледаме едно пеколно дерби, незаборавен меч: Икарди против Игуаин. Што значи доаѓањето на Пипита во Милан? Многу голови. Ако Милан лани заврши на 6-тото место без головите на Калиниќ или Андре Силва, тогаш јас велам дека со Игуаин тие можат да се надеваат на пласман во Лигата на Шампионите. Накратко, тие имаат се што е потребно да се пласираат на едно од првите четири места на табелата. 

Дали сум преголем оптимиста? Се шегувате? Дали знаете што значи да го имате Игуаин во својот тим? Долга топка, и тој е таму. Топка во шеснаесетникот и тој е таму. Висока топка и тој е таму. Гонзало е импресивен напаѓач, а мојот пријател Гатузо ќе ужива заедно со него. Колку голови може да гарантира? Јас мислам 20. Ќе го видиме истиот Игуаин на кој се воодушевувавме во Наполи. Не дека тој разочара во Јувентус, но во Јуве тој мораше да ги дели напаѓачките обврски со други фантастични играчи како Дибала, Манџукиќ и Даглас Коста. Во Наполи беше поинаку, а така ќе биде и во Милан. Со должна почит, но да преминете од Кутроне на Игуаин е навистина огромен чекор напред.

Гонзало Игуаин по последниот свиреж на судијата, на мечот Јувентус-Верона на 19 мај, 2018 

Дали само еден играч може да го промени лицето на еден тим? Генерално, не мислам така, бидејќи тимот доаѓа секогаш пред индивидуалецот и да се има тимска игра е секогаш поважно од тоа да се има еден играч од светска класа. Сепак, ако зборуваме за Игуаин, тогаш можам да кажам дека тој може да го смени ликот на еден тим. Со неговите движења, тој те тера да играш во одреден стил, те принудува да размислуваш на одреден начин и ти нуди одредени солуции. Тој истовремено е модерен и древен напаѓач. 

Дали можам да го објаснам ова подобро? Тоа е едноставно – тој е класичен играч кој знае како да се движи во шеснаесетникот и е навистина опасен, но тој исто така е способен да учествува во креирање на нападот, знае како да отвори простор за неговите соиграчи и знае како да направи добра асистенција. 

Како ќе се прилагоди во Милан? Неговота идеална позиција е како централен напаѓач во 4-3-3- формција и јас мислам дека Гатузо ќе го позиционира баш така. Со двајца крилни играчи по страните, спремни да го хранат со топки, тој е навистина способен и знае да ја пресече противничката одбрана играјќи на офсајд линијата. Пипита е навистина паметен играч.

Гонзало Игуаин, по постигнување на гол на мечот Милан-Јувентус, на 28 октомври, 2017

Другите сегменти во Милан? Навистина ми се допаѓа тандемот Калдара-Ромањоли. Тие се млади и имаат голем простор за напредок. На крилните позиции, ако Конти е конечно оздравен, Милан ќе биде навистина опасен по таа десна крилна позиција. Средината од теренот? Таму има потреба од повеќе мускули, бидејќи за сега, таков тип на играч е само Франк Кеси. Сепак, мора да видиме како Гатузо планира да го постави тимот: ако не игра тики-така, а јас не мислам дека ќе го направи тоа, тогаш тој ги има сите потребни елементи за да креира опасни напади. Исто така, покрај Игуаин, тука се Сусо, Чалханоглу и Бонавентура. На кратко, сериозни солуции за тим кој според мене, изгледа многу подобро во однос на минатата сезона.

Хернан Креспо, по постигнување на гол против Ливерпул, во финалето на Лигата на Шампионите, сезона 2004/2005

 

You may also like

1 comment

Шевченко: Игуаин е одличен трансфер, Сериа А станува повторно интересна | Milan Fans Macedonia August 3, 2018 - 12:24 pm

[…] нови засилувања во црвено-црниот дрес. По изјавата на Креспо, проговори и Андриј Шевченко, еден од најомилените […]

Reply

Leave a Comment