Вчера наутро, челниците на Милан предводени од финансикиот директор Марко Фасоне, се сретнаа со официјалните лица од УЕФА, дискутирајќи за финансиските планови на Милан и Финансискиот Фер Плеј. Фасоне веднаш после средбата зборуваше со новинарите на Скај:
Ова е трет ваков состанок со оваа комисија на УЕФА. Ние ги известивме за како тоа се одвиваше оваа сезона од економска гледна точка и беше подобро од првичните планови кои им ги имавме презентирано. Повторно го претставивме нашиот план за следните три години и како Милан може да го почитува Финансискиот Фер Плеј. Имавме долга дискусија со УЕФА. Сега тие знаат буквално сè, дури и подобро од мене.
Бидејќи Милан има тековен заем со краток рок, сметавме дека е соодветно да им се предаде писмо од финансиерот на клубот, Елиот, кое ја повторува нивната блискост, посветеност и поддршка на клубот во секој момент. Исто така, како тема беше поставена и рефинансирањето на долгот, разговаравме за тоа и го разгледавме. Ние ги уверивме во врска со времето и преговорите што ги спроведуваме. Веќе реков дека неколку пати тоа финансирање може да биде чисто, но исто така е можно некои нови луѓе да влезат во клубот.
Донарунума и Сусо? Ние не сме обврзани да продаваме никого. Веројатно желбата на клубот е да направи 2-3 нови засилувања за следната сезона пред да изврши 2-3 продажби. Не треба да ja очекуваме трансфер кампањата од минатата година. Сега ќе вметнеме 2-3 нови играчи, мислам дека нема потреба од повеќе за да се подобриме онаму каде ни е најпотребно.

Јасно е дека Милан, за време на поранешниот менаџмент, не ги почитувал параметрите на Финансискиот Фер Плеј. Милан е под истрага, бидејќи во сезоните 14-15, 15-16 и 16-17 тие не ги исполнија параметрите, во спротивно ние не би биле тука. Веројатно санкции ќе бидат вклучени во предложениот договор. Се надеваме дека тие нема да бидат ригорозни и дека комисијата ќе земе предвид дека има и промена на сопственоста на клубот.
Се надевам дека тие исто така земаат предвид дека правиме сè за да се почитуваме правилата. Речиси е сигурно дека ќе има некои санкции. Немав чувство дека трансфер пазарот ќе биде засегнат. Комисијата многу го почитува тоа што го правиме. Не запрашаа и за планови и бројки. Рефинансирање на долгот? Имаме три понуди на масата. Ние го бараме најдоброто решение за Милан и за холдинг-компанија. Не сакам да направам никакви рани предвидувања, но работиме напорно и се надевам дека ќе го решиме што е можно поскоро.