Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Ден по победата над Сампдорија, во италијанските медиуми излегоа многу шпекулации во врска со раководстовто на Милан, на чело со претседателот Јонгхонг Ли. Поради тоа, претседателот на Милан реши да се обрати на јавноста. Во продолжение, ви ја пренесуваме во целост неговата изјава.

Среќна Кинеска Нова Година на сите! Го поминав овој традиционален празник дома со мојата фамилија. Забележав дека во последните 48 часа, некои медиуми несовесно пренесоа одредени лажни вести кои го оштетија имиџот на клубот, моите компании, мојата фамилија и мојот личен имиџ. Од денот кога го купив Милан, се соочувам со потешкотии и сум под постојан притисок. По овие неодговорни и несовесни лажни извештаи, би сакал да ја смирам јавноста и луѓето кои се во и околу клубот.

Ние не ја разбираме поентата и причината за овие обвинувања, но овие обвинувања сега стигнаа до таа точка што имиџот на клубот е значително оштетен, како и имиџот на моите компании и мојата фамилија. Сакам да ја искористам оваа прилика и да објаснам, надевајќи се дека ова ќе биде последен пат, дека ситуацијата во врска со моите финансии е стабилна и дека клубот и моите компании работат стабилно. Се надевам дека овие лажни вести нема да се земат за сериозно и дека фокусот може да се насочи кон подобрувањата на тимот и поддршка на тренерот Рино Гатузо. Ќе сториме се што е во наша моќ да го вратиме клубот на врвот.

Јас лично го следам секој натпревар на тимот оваа сезона. Видов играчи како плачат после пораз, во најлошиот дел од сезоната, исто како што ги видов Давид Хан Ли и Марко Фасоне како се радуваат после победите. Длабоко ги осетив тие емоции и чувства. Ние можеме да се справиме со ваков голем притисок бидејќи сме убедени дека можеме да постигнеме нови височини и да ги наградиме фановите на Милан низ целиот свет. Благодарение на посветеноста на сите, тимот сега ужива во една позитивна серија. А благодарение на тренерот Гатузо и залагањето на нашите играчи, гледам дека тимот напредува во секој аспект. Ви благодарам на сите.

На крај, од името на мојата сопруга и од мое лично име, сакам да ви посакам Среќна Нова Година, добро здравје и успех со работата.