Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Во рамките на 25то коло од италијанската Сериа А, Милан успеа да слави победа во натпревар против Сампдорија,  директен ривал за Европа. Момците на Гатузо имаат 3 победи во низа и сеуште се без пораз во 2018 година. По натпреварот, свое видување за настаните даде тренерот Гатузо, како и капитенот Бонучи, заедно со стрелецот на голот, Бонавентура. Во продолжение ви пренесуваме дел од нивните изјави.

 

ГАТУЗО:

Целата заслуга оди кај момците кои покажаа дека знаат како да играат квалитетен фудбал и потребно е малку за да се мотивираат. Момците дадоа се од себе изминатава недела, работат се што ќе им кажам и тоа за мене е голем успех. Јас и мојот стручен штаб ги креираме идеите, но целата заслуга оди кај момците. Во моментов, за мене е многу лесно да тренирам тим како овој. Но, ние се уште немаме ништо постигнато, мораме да продолжиме да работиме напорно. Ние сме млад тим и момците сфаќаат дека за да се успее, мора да се жртвуваат одредени работи. Јас сум горд на моите играчи. Тие мора да продолжат со напорната работа бидејќи на крајот,  напорната работа секогаш се исплати.

 

БОНУЧИ:

Знаев дека сум во офсајд, се радував бидејќи ретко постигнувам голови но сепак знаев дека сум во офсајд. Ова беше исклучително важна победа. Ваквото одлично издание на тимот по натпревар во четвртокот е знак за ментална силина, знак дека имаме одличен тренер и дека во тимот владее фантастична атмосфера. Мора да продолжиме по овој пат, со скромност и ентузијазам. Резултати се постигнуваат само на ваков начин. Се додека е математички возможно, ние продолжуваме да веруваме дека можеме да се пласираме во ЛШ!

 

БОНАВЕНТУРА:

Одигравме одличен натпревар, иако можевме да го решиме мечот многу порано и да избегнеме напната завршница. Задоволни сме бидејќи одигравме добро дома, со оваа прекрасна атмосфера на Сан Сиро. Земајќи ги во предвид сите шанси, можевме да постигнеме и повеќе голови. Јас сум среќен што го постигнав голот вреден 3 поени, но мора брзо да го заборавиме ова и да се фокусираме на следните натпревари, бидејќи е потребно да освојуваме што е можно повеќе поени. Јас секогаш се обидувам да ги спроведам советите на тренерот. Среќен сум бидејќи тој ме прави да се чувствувам самоуверено и ме мотивира да продолжам со исто темпо.