Ромањоли: Огромна чест е да се биде капитен на Милан, Џиџо е феномен!

by Daniel

По нерешениот резултат против Рома во Рим, екипата на Милан се врати на тоа толку посакувано четврто место на табелата, каде до крајот на сезонава ќе води борба со Рома и Лацио, како најголеми конкуренти за пласман во Лигата на Шампионите. На еден официјален настан организиран од познатата компанија за спортска опрема, Најк, нашиот капитен Алесио Ромањоли беше интервјуиран од страна на новинарите, каде говореше на повеќе теми, меѓу кои моменталнтата форма, заминувањето на Игуаин, како и новиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек.

 

Се наоѓаме во добра серија. Бевме разочарани што не успеавме да ги освоиме сите бодови во Рим бидејќи така ќе ја зацврстевме нашата позиција на четвртото место на табелата, но сепак се наоѓаме блиску до Интер и има уште многу натпревари до крајот на сезоната. Веќе сме надвор од Лига Европа, па така имаме само еден натпревар во неделата. Затоа, мора да се фокусираме и да го дадеме својот максимум до крајот на сезоната.

Играчите на Милан во прослава по голот на Кшиштоф Пјонтек на натпреварот Милан-Наполи, 29.01.2019

 

Битката за четвртото место е долга, има уште многу да се игра и затоа е погрешно да се прават одредени калкулации. Треба да продолжиме да ја подобруваме нашата форма, ни претстојат повеќе директни дуели за пласман во Лигата на Шампионите, меч против Аталанта, дербито со Интер како и многу натпревари кој навидум делуваат за лесни но се далеку од лесни натпревари.

Кшиштоф Пјонтек во прослава по постигнувањето на својот гол првенец во црвено-црниот дрес на натпреварот Милан-Наполи, 29.01.2018

 

Нашата одбрана започнува од напаѓачите и они се исто така заслужни ако одбраната не прими гол. Напаѓачите мора да добиваат повеќе топки, без разлика што Пјонтек постигна два гола на своето деби. Тој се движи фантастично, впрочем го покажа тоа на последниот натпревар каде повторно се најде на листата на стрелци. Навистина сме среќни што го имаме во нашиот тим и се надеваме дека ќе продолжи да постигнува барем по еден гол на натпревар. Пјонтек ме импресионираше со неговата желба и глад за голови. Тој е млад и се наоѓа на вистинската патека.

Џиџо Донарума за време на натпреварот Милан-Торино, 9 декември 2018

 

Џиџо е феномен, од секогаш го говорев тоа. Тој игра на највисоко ниво и на такви натпревари, на секој може да му се случи да згреши. Да имаш такво влијание врз лигата и репрезентацијата на само 19 години е навистина нешто што само неколку играчи успеале да го направат, а тој е еден од нив. Игуаин? Нема никаква горчина. За мене тој се уште е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Беше разочарувачка неговата одлука, но сепак тоа е негова одлука и ние го почитуваме тоа. Тој е мој пријател и ако е среќен таму, тогаш и јас сум среќен.

 

Трансфер во Јуве? Прв пат слушам за такви шпекулации. Трансфер периодот не е отворен, а јас сум среќен во Милан. Навистина не гледам причина зошто би менувал клубови. За мене претставува голема чест што ја носам капитенската лента, среќен сум во Милан и се додека сум среќен тука, не планирам да си заминам.

 

You may also like

Leave a Comment