[et_pb_section bb_built=”1″ admin_label=”section”][et_pb_row admin_label=”row”][et_pb_column type=”4_4″][et_pb_text admin_label=”Text” background_layout=”light” text_orientation=”left” use_border_color=”off” border_color=”#ffffff” border_style=”solid”]
Понеделник, 13.11.2017 година, ќе остане запамтен како црн ден во историјата на италијанскиот фудбал, бидејќи репрезентацијата на Италија не обезбеди пласман на Светското првенство во Русија, за прв пат после 1958 година.
По поразот од 1-0 во првиот натпревар, Италија не успеа да ја надополни негативата и одигра 0-0 на Сан Сиро во Милано. Италија го имаше поседот на топката, Шведска се бранеше во текот на целиот натпревар, но тоа не беше доволно за гол во мрежата на одличниот Робин Олсен. Нашиот капитен, Леонардо Бонучи полека но сигурно го покажува својот вистински квалитет и почнува да личи на оној „стар“ Лео, еден од најдобрите дефанзивци во светот. Тој го одигра целиот натпревар, почнувајќи на централната бековска позиција, да во екот на борбата го замени Барѕаљи по десната страна. При крајот на натпреварот, Бонучи се ослободи од заштитната маска на лицето, која ја носеше поради повредата што ја заработи на првиот натпревар против Шведска, пожртвувано и со надчовечки напори да помогне на националниот состав да стигне до Русија во 2018 година. Донарума остана на клупата за резерви.
И покрај големата желба, Италијаните останаа без мундијалот наредната година. Неверување и солзи беа сцените помеѓу навивачите на Сан Сиро и играчите на теренот после последниот свиреж на Антонио Лаоз од Шпанија. Италија покрај Светското првенство, останува и без големи имиња како Буфон, Барѕаљи, Кјелини и Де Роси, кои се одлучија да стават крај на своите репрезентативни кариери. Со тоа, се отвара пат за една нова генерација, предводена од Ромањоли, Ругани, Калдара и останатите, да се обидат и да ја вратат Италија таму каде што припаѓа.

Нерешениот резултат беше недоволен за Италијаните, но беше доволно добар за Хрватите, кои после победата дома од 4-1, одигаа реми без голови во Пиреа и обезбедија билет за Русија. Никола Калиниќ одигра 78 минути во натпревар кој немаше никакво натпреварувачко значење.

Рикардо Родригез уште еднаш се покажа како исклучително важна алка во составот на Швајцарија. Швајцарците имаа 1-0 предност по првиот натпревар, благодарение на голот на Родригез од пенал. Реванш натпреварот заврши 0-0, во меч каде Родригез го одигра целиот натпревар и успеа да направи клучна одбрана од самата гол линија, спасувајќи го својот тим од примен гол и трасирајќи го патот кон Русија.
Франк Кеси со Брегот на Слоновата Коска не успеа да се пласира на СП. Во саботата, тие беа домаќини на Мароко, каде беа поразени со 2-0 и догодина Првенство во Русија ќе го гледаат само на ТВ екраните.
Исто така, деновиве се одиграа повеќе пријателски натпревари. Хакан Чалханоглу за Турција одигра 74 минути во поразот од Албанија со резултат 3-2. За жал, Хакан не се запиша во листата на стрелците. Турција, како и Италија и Брегот на Слоновата Коска, не успеа да обезбеди виза за во Русија.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]