Пелегати: Донарума ќе го напушти Милан

by admin

Џанлуиџи Донарума одново е во центарот на вниманието на сите оние кои го сакаат Милан. Младиот голман на Милан имаше навистина жешко лето минатата година, каде неговиот агент успешно тактизираше при преговорите за новиот договор и успеа да изнуди навистина ‘тежок’ договор вреден 6 милиони по сезона. По таканареченото “помирување” со Курва Суд, беше за очекување дека ќе се спушти прашината околу Донарума. За жал, по изминатите неколку лоши мечеви на Џиџо, одново се вжештија работите поврзани со Донарума. Кулминацијата се случи по мечот со Аталанта, каде играчите на Милан им ги подарија своите дресови на навивачите, но Курва Суд го одби дресот на Донарума.

Експертот за Милан и новинар на Премиум Спорт, Карло Пелегати, проговори за целата ситуација околу Донарума и даде свое мислење за иднината на младиот голман.

Јас мислам дека Донарума ќе го напушти Милан. Неговиот однос со навивачите е лош, поради што тој не е воопшто мирен. Неделниот меч со Фиорентина за него ќе биде последниот натпревар во црвено-црниот дрес. Има навистина силен интерес од страна на ПСЖ, каде се спомнува и Кавани како можна опција во трансферот.

 

 

You may also like

Leave a Comment