Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Андреа Конти претходното лето беше доведен како големо засилување за црвено-црните. Еден од најперспетктивните италијански десни бекови од Аталанта премина во Милан за сума од 24 милиони евра. Меѓутоа, многу брзо откако почна сезоната, тој ги повреди лигаментите на коленото и беше приморан на операција и отсуство од терените на подолго време. Кратко после опоравувањето од повредата и продолжување на тренинзите со остатокот од тимот, тој се здоби со уште една повреда на коленото и беше подложен повторно на операција.

Неговиот агент, Марио Џуфреди, зборуваше за milannews.it околу перодот на опоравување на неговиот клиент после втората операција.

Закрепнувањето на Конти? Тоа се одвива многу добро, одлично! Тој цели кон ѕвездите. Конти ќе биде речиси подготвен да започне со секакви активности пред да почнат подготовките за наредната сезона. Многу е среќен и со нетрпение чека да се врати со тимот. Кога ќе се врати? Според мое мислење, до почетокот на септември Конти ќе биде подготвена. Во најлош случај кон крајот од месецот.

Фановите на Милан се единствени, никогаш не сум видел нешто слично на нивната поддршка за Конти. Тоа е нешто неверојатно, тие го подржуваат Андреа уште од првиот ден. Се надевам дека тој ќе може да им се оддолжи наскоро.