Лигата на шампионите по се изгледа и годинава ќе остане сон за навивачите на Милан. Црвено-црните пропуштија зитцер, шанса за доближување до посакуваното 4-то место поради киксовите и поразите на Рома и Интер од Фиорентина и Торино. И покрај одличниот посед на топката, створените шанси, посебно во првото полувреме, Милан не успеа да ја пробие одбраната на Сасуоло навреме и да го отвори резултатот, што резултираше со негатива и некако на крај со еден бод за Росонерите. После натпреварот, видно разочарани со новинарите зборуваа Гатузо, Никола Калиниќ и Џек Бонавентура.
Џенаро Гатузо:
Одигравме добра партија од техничка гледна точка, но не бевме прецизни во последните 20 метри. Длучив да играме по мое и се обидов да ги променам работите така што играв одбрана од 3-ца дефанзивци, бидејќи ни беше потребна победа денес да продолжиме на патот кон Лигата на шампионите. Ние немавме доволно острина во нападот, требаше да бидеме поопасни напред. Против Напол? Ттоа ќе биде многу тежокнатпревар и мораме да бидеме многу внимателни.
Никола Калиниќ:
Секогаш се трудам да постигнам погодок, понекогаш успевам, понекогаш не. И секогаш давам се од себе доле. Драго ми е што успеав да дадам гол. Денес се обидовме да победиме, но тоа е фудбал. Шутнавме21-22 пати кон голот на Сасуоло, исто така морам да спомнам дека овојпат среќата не не’ пратеше. Вистина е дека пропуштивме одлична можност, но ова е далеку од завршено. Ајде да видиме што ќе се случи на крајот.

Џакомо Бонавентура:
Жалиме, жалиме затоа што требаше да постигнеме гол во првата половина. Консиљи беше одличен и во второто полувреме и не бевме доволно конкретни за да нападнеме пожестоко и да постигнеме гол. Освен тоа, примивме и гол што сигурно можевме да го избегнеме. Ние сме малку разочарани. Денешниот натпревар беше вистинска можност да се вратаме на победничките патеки и да продолжиме да се искачуваме нагоре на табелата, до местата кои водат во Лигата на шампионите. Од сега па натаму мора да продолжиме да го даваме максимумот и најдоброто од нас, од нас до крајот на сезоната.
До крајот на сезоната не очекуваат уште 7 кола и 8 бодови заостанување во однос на 4-то пласираната Рома. Само чудо и таличен Милан може да стигне до зацртаната цел од почетокот на сезоната. Но, нема сега предавање, изодевме долг пат и ние сме Милан!
FORZA MILAN PER SEMPRE SARÀ!