Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Претседателот Јонгхонг Ли, со отворено писмо се обрати по повод првата годишнина од превземањето на клубот. Преку писмото, тој се заблагодари на сите вклучени во и околу клубот, но и на сите фанови насекаде ни светот. Посака остварување на зацртаните цели и долгогодишна успешна соработка.

Драги навивачи на Милан,

Навистина сум возбуден што можам да кажам дека денес ја славиме првата годишнина со клубот. Толку многу работи се случија изминатите 12 месеци. Минатото лето, со голема страст ја направивме најважната финансиска инвестиција во историјата на Милан, го градевме младиот, но талентиран тим, предводен од Рино Гатузо, кој е страствен и инспирирачки тренер, со полна доверба од моја страна, од страна на управата на клубот, сите лица вклучени во клубот, но сигурен сум, со полна доверба и од сите наши навивачи насекаде низ светот.

И додека се соочуваме со сите предизвици на нашиот пат, напредокот што беше направен оваа измината година, немаше да биде возможен без залагањето и посветеноста на секој еден вработен во и околу клубот. И за тоа сум многу благодарен.

Би сакал да ја искористам приликава за потенцирам уште еднаш дека ние сме целосно посветени на овој проект за подигнување на Милан. Секако, имаме долг пат пред нас за да ја оствариме нашата цел, а тоа е да го вратиме Милан онаму каде што припаѓа: на врвот на европскиот фудбал. Славејќи ја позитивната прва година заедно, знаеме дека ова е само почетокот на нашиот проект да го направиме клубот успешен и стабилен, проект кој ќе го продолжиме целејќи на перфекција, вклучувајќи го тука и целосното почитување и отплата на финансиските обврски кои клубот ги има превземено. Вашата страст и нашата страст, ќе биде нашата дневна инспирација.

“Ѕвездите нека бидат нашиот пиедестал”. Ви благодарам на сите, за цела ваша поддршка во текот на првата година на овој млад и возбудлив тим. Заедно можеме да постигнеме нешто навистина посебно.

Форца Милан!