[et_pb_section bb_built=”1″ admin_label=”section”][et_pb_row admin_label=”row”][et_pb_column type=”4_4″][et_pb_post_title admin_label=”Post Title” title=”off” categories=”off” comments=”off” featured_image=”off” custom_margin=”-85px||-5px|” custom_padding=”|||” meta=”on” author=”on” date=”on” featured_placement=”below” parallax_effect=”off” parallax_method=”on” text_orientation=”left” text_color=”dark” text_background=”off” text_bg_color=”rgba(255,255,255,0.9)” use_border_color=”off” border_color=”#ffffff” border_style=”solid” /][et_pb_text admin_label=”Text”]
Сезона со настап во европските купови носи згуснат распоред на натпревари. По одличниот настап во Виена, следуваше натпревар на Сан Сиро против секогаш незгодниот Удинезе. Резултатски, идентична победа како онаа против Каљари, но она што најмногу радуваше е напредокот во однос на играта. За разлика од бледото издание против Каљари на стартот од првенството, во неделата видовме една солидна и компактна екипа и еден допадлив фудбал. За разлика од ланската сезона, оваа сезона Монтела има на располагање квалитетни играчи на сите позиции, па од таму можеше да си дозволи и ротации како онаа во неделата. По фантастичниот меч во Виена, Андре Силва беше седнат на клупа на сметка на хрватот Калиниќ, кој ги демантираше сите скептици и со два гола во мрежата на Удинезе не дозволи 3те бода да заминат од Сан Сиро. Рутинската победа против момците од Удине е веќе заборавена, а тимот со мислите е насочен кон следниот противник – новајлијата СПАЛ.

Славјето на Калиниќ по голот против Удинезе
На хартија, Милан го очекува меч против тим кој не би требало да претставува голем залак и потешкотија за освојување на 3те бода. СПАЛ влегоа во серија од два меча без ниту еден освоен бод, што значи ќе влезат дополнително мотивирани во мечот против Милан за да го избегнат и третиот пораз во низа. Бившиот напаѓач на Милан, Марко Бориело ќе биде најголемата закана по голот на Милан. Тука би завршил со дискусијата за нашиот противник и би се насочил кон тимот на Милан.
Како никогаш досега, Винченцо Монтела е на слатки маки кога станува збор за формирањето на стартните 11. Многу прашина се крена оваа сезона кога станува збор формацијата. Монтела долго време се држеше до својата 4-3-3 формација, за пред мечот со Австрија Виена да се одлучи конечно посериозно да ја проба новата 3-5-2 формација.

Формацијата за денешниот меч, според реномираниот Газета дело Спорт
За денешниот меч против СПАЛ, медиумите шпекулираат дека Монтела ќе ја задржи оваа формација, но сеуште не е сигурен како би изгледал напаѓачкиот дел. Реномираниот SKY пренесе дека на вчерашниот тренинг, Монтела пробал 3-4-2-1, со Хакан и Сусо како двајца треквартисти, позадина на Силва. Во таква поставеност, Хакан би имал и дефанзивни задолженија, да се враќа и да покрива во средниот ред, кога е топката е кај противникот. Мора да се признае, дека ваквата поставеност на напаѓачкото трио, многу наликува на таканаречената ‘Божиќна Елка’ на Карло Анчелоти. Која и да биде формацијата, радува фактот дека конечно имаме квалитетна клупа и можност да ротираме и одмараме играчи, бидејќи оваа сезона не очекува пеколен ритам со мечеви среда-недела-среда.

Во поглед на составот, се очекува повторно ротација на одредени позиции, па така скоро сигурно е дека херојот од мечот против Удинезе, хрватот Калиниќ, ќе остане на клупа, а Андре Силва ќе го завземе неговото место во нападот. Реномираниот италијански весник, Газета дело Спорт додава дека друштво во нападот на Силва ќе му прави Сусо, во неговата нова позиција како втор повлечен напаѓач. Одбраната се очекува да остане непроменета, иако, одредени италијански медиуми шпекулираат дека Монтела ќе се реши да го одмори Мусакио и ќе му даде минутажа на херојот од 97та минута, Кристијан Запата. Во средниот ред, се очекува повторно враќање на Чалханоглу, кој би ја завземал позицијата на Џакомо Бонавентура. Покрај Конти и Антонели, Рикардо Монтоливо исто така ќе биде надвор од комбинација за овој натпревар, поради повреда. Од таму, се очекува одличниот Биглиа и Кеси да му прават друштво на Хакан во средниот ред. Секако, овие комбинации во поглед на составот, треба да ги земете со доза на резерва бидејќи Монтела ќе ги користи до максимум благодетите на квалитетната клупа, па можно е да видиме и други неочекувани измени во однос на тимот кој го победи Удинезе.
Да бидеме реални, без разлика кои стартни 11 ќе истрчаат вечер и без разлика во која формација ќе бидат, Милан е име во фудбалот и секогаш треба да оди на победа. Полека, но сигурно, овој нов Милан, се издига од пепелта и прашање е на време кога повторно ќе го видиме рамо до рамо со останатите елитни клубови, А до тогаш, keep calm and always fight!

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]