Во продолжение ви пренесуваме дел од интервјуто на нашиот капитен, во кое го коментира стартот на сезоната и неговиот учинок.
“Сампдорија? Бев бесен! Тоа што го кажавме во соблекувалната треба да остане таму. Кога се приклучив на Милан, знаев дека ќе има подеми и падови. Тоа што добивам критики за мојата игра, креира искра во мене за да се подобрам и да дадам се од себе. Милан мора да се врати онаму каде што припаѓа. Треба да ги надминеме сите пречки кои постојат.”
“Дилема околу формацијата? Од секогаш постоела. Луѓето велат дека најдобро играм во одбрана со тројца играчи, но јас играв и во стандардна одбрана со 4 играчи, во мечевите во Европа. Стојам на располагање на тренерот, за било која од формациите. Монтела не ја избра оваа формација само поради мене.”
“Последните 72 часа? Беа прилично напнати. Она што не го очекувавме во Џенова, се случи. Јас сум мотивиран да ја подобрам мојата кондиција, концентрација и желба да бидам дел од оваа група!”