Интервју | Кака: Фала Росонери!

by Daniel

Милан ја победи Австрија Виена со резултат од 5-1 и со тоа обезбедија пласман во понатамошната фаза од Лига Европа. На трибините беше присутен и еден од милениците на црвено-црната армија, Рикардо Кака, кој пред мечот излезе на теренот за да ги поздрави навивачите. По мечот, Milan TV направи едно мини интервју со Бразилецот, па во продолжение ќе ви пренесеме дел од тоа интервју.

 

По мечот, влегов во соблекувалната. Ова беше прекрасна победа и сум убеден дека сите Росонери се среќни. Секогаш е убаво чувството кога се враќаш дома, јас имам прекрасни сеќавања од тука. Претставува задоволство да си на Сан Сиро на вакви вечери. Милан играше добро и успеа да победи иако беа во негатива на почетокот од натпреварот. Не можам да го опишам чувството да се биде тука, во Милано, да се шета низ градот каде имав многу убави моменти од мојот живот. Прекрасно е. Беше специјална вечер која ќе има специјално место во моето срце. Фала на сите фанови за ова топло добредојде. Форца Милан!

Јас лично, морам да си ја средам мојата ситуација и да одлучам дали ќе играм уште една година или не. Не сакав да ја донесам таа одлука во текот на сезоната, бидејќи сакам малку да одморам од фудбалот, да прошетам низ Европа и да искористам малце време за себеси. Ако одлучам да не играм повеќе, тогаш вратите на Милан ќе бидат отворени бидејќи јас имам одличен однос со клубот. Моменталниот состав? Ова е млад Милан кој треба да расте и созрева бидејќи сите сакаат да го видат Милан како водечки италијански клуб.

Порака до фановите? Првата работа е дека сите имаат една иста цел: да се врати Милан назад на старите патеки. Им порачувам на фановите да имаат верба. Ова е прва година под новото раководство и има многу дилеми и прашалници, но секој што го сака клубот мора да има верба

You may also like

Leave a Comment