Интервју | Гатузо: Ни треба повеќе интензитет и страст!

by Daniel

Пораз на Милан од Ријека со 2-0 и тешко деби на европската сцена за Џенаро Гатузо. По натпреварот, нашиот тренер беше интервјуиран од MilanTV, па во продолжение ќе ви пренесеме дел од тоа интервју:

Ова е лош пораз. Јас ја превземам целата одговорност за изборот кој го направив. Ако треба пак да бирам, би го направил истиот избор бидејќи ни следат многу важни натпревари секои три дена. Се обидов да им дадам шанса на играчи кои до сега не играа многу. Нажалост, примивме гол при првата шанса на противникот. Момците дадоа се од себе, за да играат различно, но очигледно, тоа не беше доволно

Ни беше потребна победа за кревање на моралот. Мечот со Болоња сега е уште повеќе важен и ние немаме право на кикс. Ова денес беше прилично лошо издание, а јас очекував многу повеќе.
Дресот на Милан заслужува почит. Ова ме мачи најмногу. Ние не дојдовме тука да загубиме. Направив таков избор, им дадов шанса на играчи на кои им беа потребни мечеви за играње. Но, ние мора да ги смениме работите и да го смениме менталитетот. Ни треба повеќе интензитет и повеќе страст, нешта што ги немаше на денешниот натпревар

Андре Силва? Сите ние ги знаеме неговите квалитети, тој е играч на интернационално ниво. Силва се мачеше денес, изгледаше како надворешен објект во тимот. Кога ќе добиеш шанса да играш 90 минути за црвено-црниот дрес, едноставно треба да прикажеш многу повеќе.

You may also like

Leave a Comment