Гатузо: Треба да ги почитуваме нашите противници!

by admin

Следува првиот меч за Милан од групната фаза во Лига Европа. Црвено-црните ќе гостуваат на Дуделанж во Луксембург, тимот од државата која за прв пат во историјата има свој претставник во едно европско натпреварување. Момците на Гатузо влегуваат во овој натпревар после тешкото гостување на Сардинија и ремито од 1-1 со Каљари. Меѓутоа, ова е натпревар кој Милан мора да го добие против дебитантот во Лига Европа и да го донесе трите бода во Милано. На прес-конференцијата пред натпреварот, Гатузо зборуваше со медиумите и одговараше на медиумските прашања.

Тие заслужија да стигнат до групната фаза во Лига Европа бидејќи ги победија Клуж и Легија Варшава. На хартија, сигурно ние имаме посилен тим, но натпреварот започнува од 0-0. Тие играат во 4-4-2 формација и имаат играчи Синани кои можат да ни направат проблеми. Тие се солиден тим и нивниот тренер е добро подготвен. Невозможното може да стане возможно, знаеме со што се соочуваме. Многу ги почитуваме и нека победи подобриот. Се навикнавме да играме на поголеми стадиони, но тоа не значи дека играњето на помали не е еднакво возбудливо.

Патрик Кутроне остана дома како мерка на претпазливост, бидејќи тој не е 100% подготвен и се уште се опоравува од повредата на глуждот. На останатите играчи кои останаа во Миланело, ќе им бидат направени некои тестови.

Со Каљари направивме неколку грешки во првите 20 минути и не игравме како што знаеме. Јас и луѓето околу мене имаме работа да направиме овие момчиња да сфатат дека се навистина добри играчи. Треба да го оставиме стравот настрана и ги насочиме мислите дека можеме многу да постигнеме со Милан. Никогаш не е лесно да се избере стартната постава. Момчињата работат добро заедно и се движат по вистинскиот пат. Треба да играме како тим.

Ќе направам некои промени, но сакам да го истакнам фактот дека треба да ги почитуваме нашите противници. Три поени се во прашање и ние играме во Лига Европа. Треба да бидеме подготвени да се бориме и да ја победиме утакмицата. Реина е вистински лидер. Тој покажува голема страст за својата работа и се држи до зборот. Халиловиќ? Тој е интересен играч. Утре може да почне или да влезе од клупата. Тој го покажува својот талент и работи добро.

Заедно со Џенаро Гатузо, на прес-конференцијата зборуваше и десниот бек на Милан, Игнацио Абате.

Тие ќе играат со многу ентузијазам, желни да одиграат добар меч. Затоа ние мораме да го вистинскиот начин. Треба да се бориме на секоја топка. Матја е одличен професионалец. Тој секогаш е првиот што ќе пристигне во тренинг центарот. Пред него стои голема иднина.

You may also like

Leave a Comment