Гатузо: Горд сум на моите играчи!

by Daniel

Милан го заврши своето европско патување за оваа сезона. Момците на Рино Гатузо загубија од Арсенал со резултат 3-1, иако први го отворија натпреварот со спектакуларниот гол на Хакан Чалханоглу, по што следеше моментот кој го одлучи натпреварот – непостоечки пенал за Арсенал. По натпреварот, Гатузо и Чалханоглу дадоа свое видување за настаните на теренот, а подоцна со своја изјава излезе и спортскиот директор Масимилијано Мирабели.

 

ЏЕНАРО ГАТУЗО

Задоволни сме со изданието на тимот на овој натпревар, но на крај, поразот на Сан Сиро не чинеше премногу. Мора да продолжиме и постепено да ги подигаме очекувањата. Не сакам никакви изговори. Ќе беше премногу лесно да се обвини судијата. Нема да говороам за судијата, бидејќи како играчите, така и судиите можат да прават грешки.

Јас сум горд и бесен во исто време. Горд сум на моите играчи. Не требаше да го примиме третиот гол. Сепак, мора да ја оставиме фрустрацијата и неправдата позади нас. Ние ќе продолжиме да го правиме она на кое се фокусираме во изминатите три месеци, движејќи се напред како тим. Донарума треба да остане со исправена глава, бидејќи и најдобрите голмани правеле грешки. Тоа е само еден инцидент, ништо повеќе. Важната работа е да не дозволи оваа ситуација да влијае на него во иднина.

 

ХАКАН ЧАЛХАНОГЛУ

Имавме позитивно издание вечерва, дури и добро реагиравме по примениот гол. Имавме добри шанси и во ниту еден момент не се откажавме. Сепак, тоа е фудбалот. Одлуката на судијата го промени текот на натпреварот. Не е нормално да се гледаат вакви работи во Лига Европа. Јас не можев да си дозволам да паднам на истиот тој начин во шеснаесетникот (на претходниот натпревар) и не паднав.

 

МАСИМИЛИЈАНО МИРАБЕЛИ

Постои една горчина, бидејќи нашето мислење е дека не бевме инфериорни кон Арсенал. За жал, мечот на Сан Сиро беше одлучувачки, иако денес се боревме и се обидовме да победиме. Жал ми е за инцидентот со судијата, да беше воведен ВАР системот, овој натпревар ќе имаше поинаков резултат. Донарума? Неговата грешка на страна, тој одигра одличен натпревар. Ние сакаме Џиџо да остане со нас уште многу долго. Тој е еден од нашите дијаманти.

Најмногу жалам поради изданието во првото полувреме на мечот на Сан Сиро и поради судиската одлука на денешниот натпревар. Без размислување, убеден сум дека Рино ќе остане со нас уште многу години. Во наредните денови, ќе оствариме средба со него.

 

You may also like

Leave a Comment